fbpx

Правила за исхрана кои ќе го поттикнат вашето вежбање

Што јадете, и кога, има големо влијание на нивото на вашата енергија и на тоа колку добро се опоравувате од тренингот. 

Но, каква храна треба да јадете за да имате корист од тренингот?  

Недоволното внесување на витамини, минерали и други хранливи материи може да го загрози здравјето и перформансите. 

Сепак, да се поттикне активност е лесно со следење на добро воспоставените правила на здрава исхрана. Јадете многу овошје и зеленчук, консумирајте протеини, јадете здрави масти, внесувајте јаглехидрати од цели зрна и пијте многу течности, особено вода. Дајте му ja на вашето тело потребната енергија. 

Правило бр. 1: Внесувајте јаглехидрати

Јаглехидратите се сфаќаат како непотребни од многу луѓе. Но, истражувањата во изминатите години покажаа дека помагаат на вашето тело за време на долги и интензивни вежби. Всушност, колку сте поактивни, толку повеќе јаглехидрати ви се потребни. 

 Но, што е со трендот спортистите да јадат повеќе маснотии и малку јаглехидрати? Доказите сугерираат дека овие диети не ги зајакнуваат атлетските перформанси и всушност ги попречуваат при повисок интензитет. 

За време на тренингот, јаглехидратите го поттикнуваат вашиот мозок и мускули. Поради тоа тие се многу битни редовно да се внесуваат преку исхранта. 

Правило бр. 2: Протеините се најважни во исхраната

Протеинот е важен бидејќи ги обезбедува аминокиселините што му се потребни на вашето тело за да изгради и поправа мускулите. 

Повеќето истражувања сугерираат дека многу активните луѓе треба да јадат 1,2 до 2 грама протеини по килограм телесна тежина. Луѓето кои не се активни треба да јадат помалку протеини. 

Правило бр. 3: Не ги игнорирајте мастите

Мастите се збунувачка тема за многу луѓе. Но, се од суштинско значење за здрава исхрана. Мастите даваат енергија и му помагаат на вашето тело да ги апсорбира витамините. Некои витамини (како А, Д, Е и К) всушност имаат потреба од маснотии за правилно да имаат корист на вашето тело. 

Бидете сигурни да изберете незаситени масти. Добри извори се маслото од авокадо, маслиново и канола, ленено семе и јаткасти плодови. 

Правило бр. 4: Знајте што ви треба пред тренинг

Јадењето во текот на денот треба да ви даде доволно енергија. Меѓутоа, за да избегнете проблеми со дигестивниот систем, избегнувајте да јадете непосредно пред да вежбате. 

Како општо правило, јадете еден до три часа пред тренингот, дури и ако сакате да правите постојана активност со висок интензитет. 

Правило бр. 5: Запомнете го правилото после тренинг

Вашето тело ги користи своите складирани извори на енергија за време на тренингот. Откако ќе извежбате, треба да ги вратите тие хранливи материи. 

Истражувањата покажуваат дека јадењето храна богата со протеини после тренингот, обезбедува есенцијални амино киселини кои ги градат и поправаат мускулите 

Експертите велат дека смути после тренинг е одличен избор, за да ги внесете сите хранливи материи кои се потребни после напорен тренинг. 

Па затоа, ве очекуваме во Синерџи на освежително смути и квалитетен тренинг! 

 

Зошто водата е неопходна за вашето тело?

Зошто водата е неопходна за вашето тело?

Според истражувањата на експертите нашето тело се состои од околу 60% вода. Исто така, се смета за суштинска материја, што значи дека телото не може да произведе доволно само преку метаболизмот за да ги задоволи дневните потреби.

Водата делува како амортизер, заштитувајќи ги вашите органи и ткива и помагајќи во одржувањето на клеточната форма.

Затоа, треба да се внесува доволно вода преку храна и пијалоци, за да се обезбеди правилна функција на телото.

7 придобивки од пиење вода секое утро

  • Помага да се рехидрира вашето тело
  • Чаша вода пред појадок го намалува внесот на калории во текот на денот
  • Ја подобрува вашата кожа
  • Ги подобрува менталните перформанси
  • Помага во елиминација на токсините
  • Ја регулира телесната температура
  • Го зајакнува вашиот имунитет

Да не заборавите на најважното – секојдневно внесувајте вода при физичката активност.

Ве очекуваме во Синерџи!

Дали ги знаеш придобивките од секојдневно пиење смути?

Смути пијалоците се одличен начин да го вклучите овошјето и зеленчукот во вашата исхрана и да добиете здрава доза на енергија од природни шеќери. Во продолжение ви ги откриваме петте придобивки од пиењето смути секој ден:

1. Ја поддржува функцијата на мозокот

Една од здравствените придобивки од секојдневното пиење смути е зголемување на функцијата на мозокот. Здравите масти помагаат да се нахрани мозокот и да се предизвика здрав развој на клетките. Ова води до зголемена меморија, побрзи стапки на учење и подобрена способност за обработка на информации.

2. Го зголемува нивото на енергија и помага во управувањето со тежината

Друга придобивка е зголеменото ниво на енергија. Со природните шеќери, здравите масти и протеините во секое смути, можете да добиете постојана енергија која ќе ве држи во текот на целиот денот.

3. Го зајакнува имунолошкиот систем

Редовното конзумирање на смути помага во одржувањето на здрав имунолошки систем. Антиоксидансите кои се наоѓаат во овошјето ги штитат клетките од оштетување, што доведува до здрав имунолошки систем. Антиоксидансите, исто така, може да помогнат да се спречи оштетувањето од слободните радикали и токсините кои можат да доведат до рак или срцеви заболувања.

4. Го зголемува внесот на витамини

Здрава придобивка од пиење смути секој ден е тоа што го зголемува внесот на витамини. Здравите овошја и зеленчуци во секое смути содржат дополнителни хранливи материи и ви даваат повеќе од доволно витамини за тој ден.

5. Го зголемува внесот на влакна во организмот

Влакната му помагаат на дигестивниот систем и може да помогнат во намалувањето на шансите за развој на срцеви заболувања и дијабетес. Некои намирници со висока застапеност на влакна кои треба да се додадат во смути се: малини, капини, јагоди, круши, јаболка, банани, темно лиснат зеленчук, семки од чиа, ленено семе, путер од бадем итн.

Во нашиот Health Bar можеш да најдеш најразлични видови и вкусови на смутиња, те очекуваме!

Вежбање пред спиење: Добра или лоша навика?

Дали е лошо да вежбате пред спиење?

 

Експертите често предупредуваат дека вежбањето доцна попладне и навечер може да го наруши сонот.

Сепак, сè поголем број докази сугерираат дека вежбањето пред спиење не им го отежнува заспивањето на повеќето возрасни лица, па дури и може да им помогне на некои да се одморат подобро.

 

Најдоброто и најлошото време за вежбање пред спиење

 

Едно истражување забележало дека учесниците кои вежбале наутро заспивале побрзо навечер, додека оние кои вежбале пред спиење останале да спијат подолго. Друго истражување открива дека енергичното вежбање пред спиење го зголемува пулсот, што го отежнува заспивањето. Трета студија утврди дека времето на вежбање воопшто не влијае на квалитетот на сонот. Во принцип, добро е да вежбате во секое време од денот. Сепак, некои истражувачи сугерираат дека треба да престанете да вежбате најмалку 90 минути пред спиење.

 

Совети за вежбање во текот на ноќта:

 

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го извлечете максимумот од вечерното вежбање  за да спиете подобро.

Темпирајте: Едно истражување покажа дека луѓето кои вежбале умерено или интензивно три часа пред спиење, заспивале побрзо од оние кои не вежбале.

Но, на телото му требаат околу 90 минути за да се врати во состојба на одмор после вежбање. Избегнувајте вежбање непосредно пред да си легнете.

Зајакнете ја врската помеѓу умот и телото: Видови вежби, какви што нуди јогата, се поврзуваат со подобрување на ментално здравје, како и со спиењето. Ако се борите со анксиозност или несоница, обидете се да вежбате и со ум и со тело за да ја ослободите напнатоста и стресот.

Слушајте го вашето тело: Ако се сомневате дека вашата вечерна рутина за вежбање ве држи будни навечер, обидете се со друг вид вежба или префрлете се на утринска или попладневна сесија.

 

Ве очекуваме во Synergy!

„СМАРТ“ пристап за константност при вежбање

„SMART“ е ефективна алатка која обезбедува јасност, фокус и мотивација кои ви се потребни за да ги постигнете вашите цели.

Кога станува збор за здрав и активен живот, вежбањето е неопходен дел, но сепак, повторувањето на исти тренинзи недела по недела може да стане монотоно и да ја намали мотивацијата.

Затоа е важно периодично да ја ажурирате вашата лична фитнес рутина користејќи го SMART пристапот. Овој систем (специфичен, мерлив, остварлив, реален, временски ограничен) може да се користи во голем број сценарија од управување со проекти до личен развој, но тој е особено ефикасна алатка кога станува збор за физичката кондиција и дисциплина.

 

Специфични

Вашата цел треба да биде јасна и конкретна, во спротивно нема да можете да ги фокусирате вашите напори или да се чувствувате вистински мотивирани за да ја постигнете.

Ова можете да го постигнете преку поставување на следните прашања:

  • Што сакам да постигнам?
  • Зошто е важна оваа цел?

 

Мерливи

Важно е да имате мерливи цели, за да можете да го следите вашиот напредок и да останете мотивирани.

Ова можете да го постигнете преку поставување на следните прашања:

  • Колку?
  • Како ќе знам кога ќе се постигне?

 

Достижни

Вашата цел исто така треба да биде реална и остварлива за да биде успешна. Со други зборови, тоа треба да ги прошири вашите способности, но сепак да остане возможна.

Ова можете да го постигнете преку поставување на следните прашања:

  • Како можам да ја постигнам оваа цел?
  • Колку е реална целта, врз основа на други ограничувања, како што се финансиските фактори

 

Релевантни

За вашите цели да останат релевантни, потребно е да си ги поставите следните прашања:

  • Дали ова изгледа вредно?
  • Дали ова одговара на нашите други напори/потреби?
  • Дали е применлив во сегашната социо-економска средина?

 

Временски ограничен

Секоја цел има потреба од датум, за да имате рок на кој треба да се фокусирате.

Ова можете да го постигнете преку поставување на следните прашања:

  • Што можам да направам за шест месеци од сега?
  • Што можам да направам за шест недели од сега?
  • Што можам да направам денес?

 

Да го земеме вежбањето во теретана како пример користејќи го SMART пристапот.

Прво, поставете одредена цел, тоа може да биде посета на теретана 2 пати неделно или три пати неделно. Следно, измерете ги потрошените калории со помош на паметниот телефон или паметниот часовник и запишете го бројот во дневникот на активности. Поставете остварлива/достижна цел што може да се мери или квантифицира, како што е вежбање по еден час на дневно ниво. Исто така, треба да изберете цел што е реална со оглед на вашата способност и расположливите ресурси.

 

Започнете веднаш, Ве очекуваме во Synergy Fitness & Spa!

Како вежбањето влијае на менталното здравје

Како вежбањето влијае на менталното здравје?

 

Скоро сите сме запознаени дека вежбањето е проактивен начин за подобрување на нашата физичка состојба и борба против болести, препознатливо како суштински елемент во градењето и одржувањето на менталната „кондиција“.

Истражувањата покажаа дека редовната физичка активност е исто толку ефикасна како и психотерапијата за лекување на блага до умерена депресија. Физичките вежби помагаат во борбата против неактивноста и чувството на безнадежност кои се карактеристични за депресијата.

Со редовна физичка активност можеме да:

– Ја намалиме анксиозноста. Многу студии дојдоа до овој заклучок дека луѓето кои вежбаат велат дека имаат помалку стресни моменти и се помалку нервозни.

– Вежбањето позитивно влијае на расположението особено кога се работи за „бегање“ од напнатоста, заморот, лутината и енергијата.

– Вежбањето може да го подобри начинот на кој ја перципирате вашата физичка состојба, спортските способности и имиџот на телото. Зголемената самодоверба е уште една придобивка.

-Последно, но не и најмалку важно, вежбањето ве доведува во контакт со други луѓе во една позитивна средина во кои делите слични интереси.

 

Затоа, не чекајте и започнете веднаш!

Ве очекуваме во Synergy Fitness&Spa.

Биди посилна, биди подобра, заедно со Synergy Fitness & Spa!

Денес го славиме извонредниот придонес на жените во општеството, како ѝ инспиративната улога во борбата за своите права, како чекор кој секојдневно го надминува својот потенцијал.

 

Како да го изберете идеалниот подарок за овој посебен ден, но и да заштедите време?

 

Прво, треба да ја категоризирате жената на која сакате да и подарите подарок – дали тоа е Вашата мајка, баба, сестра, пријателка или пак, колешка, или пак на сите нив.

Потоа, доаѓа ред на избор на идеалниот подарок. За да ги „избегнете“ класичните подароци, ние ви подготвиме две промоции.

Првата промоција е наменета за сите физички активни жени кои сакаат, а таа гласи вака – 3 месеци фитнес и 12 персонализирани тренинзи по цена од 8.000 ден.

Но исто така, ја подготвивме и следната промоција – 10 антицелулитни масажи и 10 посети на спа центар по цена од 4.000 ден.

Количините на овие две промоции се ограничени и се валидни за уплати само на 08.03.2022.

 

Да не заборавиме дека време за дарување е секој ден, не само денес, па токму поради тоа, во текот на целиот месец ги имаме следните ваучери кои може да ги подарите за уживање и релаксација:

 

  • Спортска масажа на цело тело и 2 часа посета на спа зона по цена од 1.500 ден.
  • Медицинска масажа на цело тело и 2 часа посета на спа зона по цена од 1.400 ден.
  • Релакс масажа на цело тело и 2 часа посета на спа зона по цена од 1.200 ден.

 

И за крај, наједноставната, но за многумина и најдрагата честитка – Ви посакуваме Среќен 8ми март!

Среќен 7ми роденден Synergy!

На 4 февруари прославуваме 7 години постоење, со изненадувања за вас!

 

Седум години ги започнуваме утрата со фитнес тренинзи, уживаме во Спа центарот после напорните работни денови и во релакс масажите со нашите најблиски. Седум години пред секој тренинг, пиеме кафе во Synergy за максимум енергија на персонализираните тренинзи со омилените фитнес инструктори, а потоа заедно со нив се рестартираме со најосвежителните smoothies од Health барот..

 

Роденденот го прославуваме заедно со вас, нашите најверни фанови и клиенти, со роденденски промоции кои се само на 04.02 (петок), онлајн или на нашиот приемен пулт:

 

  • 3 месеци фитнес и спа = 7.000 ден.
  • 10 персонални тренинзи и месечна карта фитнес = 7.000 ден.
  • 7 спортски масажи = 7.000 ден.
  • 10 релакс масажи = 7.000 ден.

 

Во месецот на љубовта, подготвивме уште неколку промоции кои ќе бидат идеален подарок за вашите блиски, достапни за уплати од 05.02 до 14.02, онлајн или на нашиот приемен пулт.

 

За двајца:
Индивидуални ваучери:
  • Спортска масажа на цело тело и 2 часа посета на спа зона = 1.500 ден.
  • Медицинска масажа на цело тело и 2 часа посета на спа зона = 1.400 ден.
  • Релакс масажа на цело тело и 2 часа посета на спа зона = 1.200 ден.

 

Останува само уште заедно да го прославиме 7миот роденден, да растеме заедно, да продолжиме да водиме здрав живот и да славиме уште многу, многу родендени заедно!

 

Ви благодариме на довербата,

Ваш Synergy Fitness & Spa.💚

Потребна мотивација во текот на зимата

Велат за да имаш тело за пофалба во лето, со вежбање треба да започнеш уште во текот на зимата. Секако дека сите уживаме во Cosy атмосферата која ни ја нуди зимата, но не би требало да се „улежиме” во периодот кој ни претстои.

 

Ви даваме неколку совети за мотивација да вежбате во долгите и тмурни денови, кои за момент се и најубавиот период од годината.

 

Будете се со светлина

  • Подгответе го вашиот терен, разбудете со светлина која ќе ве расони и мотивира да одите на утринско вежбање во Synergy!

Размислувајте за вашето здравје

  • Бидете решителни и не дозволувајте мрзеливоста да ви застане на патот до Synergy. Имајте во предвид дека вежбањето ви одзема еден час од денот, а игра голема улога за здравјето.

Повеќе енергија во текот на денот

  • Утринските вежби се вистински извор на енергија во текот на ладната зима. Заменете го утринското кафе со вежби и бидете енергични и продуктивни во текот на целиот ден.

 

И најважното прашање: Што после празниците?

Нема потреба да чувствувате вина после празничната трпеза. Вратете се на добриот пат со здрава исхрана и вежбање!

Враќање во форма после празниците

Празничните трпези се еден од омилените „highlights” за време на празниците, па дури и за оние кои пазат на исхраната. Но, празниците полека завршуваат, а време е ние да се вратиме на она што претставува главен извор на енергија и витка става, вежбањето и здравиот начин на исхрана!

Па, за да се разбудиме од зимскиот сон ви припремивме неколку рецепти за детокс оброци кои ќе ви помогнат да ја вратите рамнотежата на исхраната. Погледнете ги во продолжение и уживајте во вкусниот избор:

Зимско зелено смути:

  • 1 морков
  • 2 портокали
  • 1 шолја спанаќ
  • Малку брокула
  • 1 банана
  • 1 јаболко
  • Една шолја вода
  • За зимскиот вкус да преовладува, додадете малку цимет или рендано морско оревче.

Не-обична детокс вода:

  • 2 парчиња круша, се сече на помали парчиња
  • 1 парче вар, се сече на половина
  • 1/4 инчен тенок парче ѓумбир

„Строгадетокс вода:

  • 1 лажица рендан ѓумбир
  • сок од два лимони
  • 1 лажица цимет
  • 2 L вода

 

Да не заборавите на најважното – физичката активност.

Ве очекуваме во Синерџи!