fbpx

Правила за исхрана кои ќе го поттикнат вашето вежбање

Што јадете, и кога, има големо влијание на нивото на вашата енергија и на тоа колку добро се опоравувате од тренингот. 

Но, каква храна треба да јадете за да имате корист од тренингот?  

Недоволното внесување на витамини, минерали и други хранливи материи може да го загрози здравјето и перформансите. 

Сепак, да се поттикне активност е лесно со следење на добро воспоставените правила на здрава исхрана. Јадете многу овошје и зеленчук, консумирајте протеини, јадете здрави масти, внесувајте јаглехидрати од цели зрна и пијте многу течности, особено вода. Дајте му ja на вашето тело потребната енергија. 

Правило бр. 1: Внесувајте јаглехидрати

Јаглехидратите се сфаќаат како непотребни од многу луѓе. Но, истражувањата во изминатите години покажаа дека помагаат на вашето тело за време на долги и интензивни вежби. Всушност, колку сте поактивни, толку повеќе јаглехидрати ви се потребни. 

 Но, што е со трендот спортистите да јадат повеќе маснотии и малку јаглехидрати? Доказите сугерираат дека овие диети не ги зајакнуваат атлетските перформанси и всушност ги попречуваат при повисок интензитет. 

За време на тренингот, јаглехидратите го поттикнуваат вашиот мозок и мускули. Поради тоа тие се многу битни редовно да се внесуваат преку исхранта. 

Правило бр. 2: Протеините се најважни во исхраната

Протеинот е важен бидејќи ги обезбедува аминокиселините што му се потребни на вашето тело за да изгради и поправа мускулите. 

Повеќето истражувања сугерираат дека многу активните луѓе треба да јадат 1,2 до 2 грама протеини по килограм телесна тежина. Луѓето кои не се активни треба да јадат помалку протеини. 

Правило бр. 3: Не ги игнорирајте мастите

Мастите се збунувачка тема за многу луѓе. Но, се од суштинско значење за здрава исхрана. Мастите даваат енергија и му помагаат на вашето тело да ги апсорбира витамините. Некои витамини (како А, Д, Е и К) всушност имаат потреба од маснотии за правилно да имаат корист на вашето тело. 

Бидете сигурни да изберете незаситени масти. Добри извори се маслото од авокадо, маслиново и канола, ленено семе и јаткасти плодови. 

Правило бр. 4: Знајте што ви треба пред тренинг

Јадењето во текот на денот треба да ви даде доволно енергија. Меѓутоа, за да избегнете проблеми со дигестивниот систем, избегнувајте да јадете непосредно пред да вежбате. 

Како општо правило, јадете еден до три часа пред тренингот, дури и ако сакате да правите постојана активност со висок интензитет. 

Правило бр. 5: Запомнете го правилото после тренинг

Вашето тело ги користи своите складирани извори на енергија за време на тренингот. Откако ќе извежбате, треба да ги вратите тие хранливи материи. 

Истражувањата покажуваат дека јадењето храна богата со протеини после тренингот, обезбедува есенцијални амино киселини кои ги градат и поправаат мускулите 

Експертите велат дека смути после тренинг е одличен избор, за да ги внесете сите хранливи материи кои се потребни после напорен тренинг. 

Па затоа, ве очекуваме во Синерџи на освежително смути и квалитетен тренинг!