fbpx

Среќен 7ми роденден Synergy!

На 4 февруари прославуваме 7 години постоење, со изненадувања за вас!

 

Седум години ги започнуваме утрата со фитнес тренинзи, уживаме во Спа центарот после напорните работни денови и во релакс масажите со нашите најблиски. Седум години пред секој тренинг, пиеме кафе во Synergy за максимум енергија на персонализираните тренинзи со омилените фитнес инструктори, а потоа заедно со нив се рестартираме со најосвежителните smoothies од Health барот..

 

Роденденот го прославуваме заедно со вас, нашите најверни фанови и клиенти, со роденденски промоции кои се само на 04.02 (петок), онлајн или на нашиот приемен пулт:

 

  • 3 месеци фитнес и спа = 7.000 ден.
  • 10 персонални тренинзи и месечна карта фитнес = 7.000 ден.
  • 7 спортски масажи = 7.000 ден.
  • 10 релакс масажи = 7.000 ден.

 

Во месецот на љубовта, подготвивме уште неколку промоции кои ќе бидат идеален подарок за вашите блиски, достапни за уплати од 05.02 до 14.02, онлајн или на нашиот приемен пулт.

 

За двајца:
Индивидуални ваучери:
  • Спортска масажа на цело тело и 2 часа посета на спа зона = 1.500 ден.
  • Медицинска масажа на цело тело и 2 часа посета на спа зона = 1.400 ден.
  • Релакс масажа на цело тело и 2 часа посета на спа зона = 1.200 ден.

 

Останува само уште заедно да го прославиме 7миот роденден, да растеме заедно, да продолжиме да водиме здрав живот и да славиме уште многу, многу родендени заедно!

 

Ви благодариме на довербата,

Ваш Synergy Fitness & Spa.💚

Потребна мотивација во текот на зимата

Велат за да имаш тело за пофалба во лето, со вежбање треба да започнеш уште во текот на зимата. Секако дека сите уживаме во Cosy атмосферата која ни ја нуди зимата, но не би требало да се „улежиме” во периодот кој ни претстои.

 

Ви даваме неколку совети за мотивација да вежбате во долгите и тмурни денови, кои за момент се и најубавиот период од годината.

 

Будете се со светлина

  • Подгответе го вашиот терен, разбудете со светлина која ќе ве расони и мотивира да одите на утринско вежбање во Synergy!

Размислувајте за вашето здравје

  • Бидете решителни и не дозволувајте мрзеливоста да ви застане на патот до Synergy. Имајте во предвид дека вежбањето ви одзема еден час од денот, а игра голема улога за здравјето.

Повеќе енергија во текот на денот

  • Утринските вежби се вистински извор на енергија во текот на ладната зима. Заменете го утринското кафе со вежби и бидете енергични и продуктивни во текот на целиот ден.

 

И најважното прашање: Што после празниците?

Нема потреба да чувствувате вина после празничната трпеза. Вратете се на добриот пат со здрава исхрана и вежбање!

Враќање во форма после празниците

Празничните трпези се еден од омилените „highlights” за време на празниците, па дури и за оние кои пазат на исхраната. Но, празниците полека завршуваат, а време е ние да се вратиме на она што претставува главен извор на енергија и витка става, вежбањето и здравиот начин на исхрана!

Па, за да се разбудиме од зимскиот сон ви припремивме неколку рецепти за детокс оброци кои ќе ви помогнат да ја вратите рамнотежата на исхраната. Погледнете ги во продолжение и уживајте во вкусниот избор:

Зимско зелено смути:

  • 1 морков
  • 2 портокали
  • 1 шолја спанаќ
  • Малку брокула
  • 1 банана
  • 1 јаболко
  • Една шолја вода
  • За зимскиот вкус да преовладува, додадете малку цимет или рендано морско оревче.

Не-обична детокс вода:

  • 2 парчиња круша, се сече на помали парчиња
  • 1 парче вар, се сече на половина
  • 1/4 инчен тенок парче ѓумбир

„Строгадетокс вода:

  • 1 лажица рендан ѓумбир
  • сок од два лимони
  • 1 лажица цимет
  • 2 L вода

 

Да не заборавите на најважното – физичката активност.

Ве очекуваме во Синерџи!

8 совети за водење здрав начин на живот

Со цел да си го подобрите квалитетот на животот кој што го живеете, здравјето и благосостојбата, потребни се низа подобрувања и придржувања до некои правила кои со текот на времето треба да станат Ваш начин на живот. Преку одржување на здрави навики и избегнување на помислата за откажување, можете да ја постигнете посакувана цел.

 

Еве неколку основни совети за одржување на здравјето и подобрување на квалитетот на животот:
Оптимална хидратација
  • За оптимална хидратација на организмот потребно е да внесуваат доволно течности, пред се вода, најмалку 8 чаши дневно. Така ќе имате повеќе енергија, а кожата ќе Ви биде повеќе еластична и поздрава.
Квалитетен сон е половина здравје
  • Долгочасовниот сон не Ви е доволен? Освен вечерниот сон, секојдневно мора да си дозволите барем 30 минутен квалитетет одмор од тековните обврски. На тој начин, Вашиот вечерен сон ќе биде квалитетен и ефективен.
Избегнување на пушење, алкохол и други штетни материи
  • Ризикот од кардиоваскуларни и мозочни заболувања значително се зголемува кај пушачите, а редовното консумирање на алкохол предизвикува зависност, депресија и анксиозност, висок крвен притисок и заболувања на црниот дроб. Обидете се максимално да ја избегнувате редовната консумација на овие штетници.
Храна и свежи сокови
  • Изборот на храна и начинот на внесување во организмот е од голема важност за здрав начин на живот. Исто така обидете се да внесувате свежо цедени сокови, наместо купечки.
Правилен избор на опкружување
  • Изберете го Вашето опкружување, изберете ги вистинските луѓе покрај себе. Навиките и енергиите на луѓето со кои го делиме нашето секојдневие стануваат дел од нас и нашето секојдневие, па токму поради тоа направете го вистинскиот избор.
3 часа без телефон
  • Обидете се да одвоите барем 3 часа од Вашето секојдневие каде што нема да имате допир со Вашиот телефон. Реалноста е многу поважна.
Активен животен стил
  • Активниот начин на живот секогаш придонесува кон подобрување на квалитетот на животот, зголемување на издржливост и флексибилност, подобрување на благосостојбата. Поради тоа, потрудете се да имате квалитетен живот.
Редовна физичка активност
  • Физичката активност освен што е помагало за контролирање и намалување на телесната тежина, помага во намалување на ризикот при срцеви и малигни заболувања, го подобрува менталното здравје и и зголемува шансите за поквалитетен живот.

 

Подобрете го Вашиот квалитет на живот и започнете со промени за постигнување на посакуваната цел.

Овој Black Friday искористете ги промоциите:

Количините се ограничени. Важи само за онлајн уплати.

Акупунктура: како функционира и кои се нејзините придобивки

Што е акупунктурата?

 

Акупунктурата вклучува вметнување на тенки игли низ Вашата кожа во некои точки на Вашето тело. Таа најчесто се практикува за лекување болки, но исто така се користи за целокупна благосостојба, како и за управување со стресот.

Традиционалната кинеска медицина ја објаснува акупунктурата како техника за балансирање на протокот на енергија или животна сила – позната како чи или qi – за која се верува дека тече низ некои патишта во Вашето тело. Со внесување игли во одредени точки долж овие патишта Вашиот проток на енергија ќе одржува баланс.

Акупунктурата се користи главно за ублажување на непријатност поврзана со различни болести и состојби. Современите истражувања докажуваат ефекти на акупунктурата врз нервниот систем, ендокриниот и имунолошкиот систем, кардиоваскуларниот и дигестивниот систем. Со стимулирање на различните системи на телото, акупунктурата може да помогне во процесот при решавање на болката, подобрувајќи го спиењето, дигестивната функција и чувството на благосостојба.

Стотици клинички студии за придобивките од акупунктурата покажуваат дека успешно ги третира состојбите кои се движат од мускулно-скелетни проблеми (болки во грбот, болки во вратот и други) до гадење, мигрени, анксионзност и депресија, алергии, несоница и хипертензија.

 

Кои се придобивките од акупунктурата?

 

Ако размислувате за акупунктура за прв пат во продолжение ќе наведеме неколку од здравствените придобивки што може да ги уживате ако примате третман за акупунктура:

  • Акупунктурата го намалува стресот
  • Намалена болка во грбот и зглобовите
  • Олеснување на главоболка
  • Подобрен вид
  • Подобар сон
  • Помага при алергии
  • Го контролира крвниот притисок
  • Ја зголемува енергијата
  • Ги намалува дигестивните проблеми

Доколку сте заинтересирани и сакате да ги искусите бенефитите на акупунктурата, закажете го вашиот термин во Synergy Fitness & Spa и заборавете на болките! 😊

5 работи кои ќе ве мотивираат да почнете со вежбање

Одлучност, упорност и мотивација – трите клучни работи кои ќе ве водат низ процесот на вежбање, без разлика дали преферирате трчање, возење велосипед или пак, посета на фитнес центар.

 

Прочитајте ги следните совети како да се мотивирате после долга пауза, или пак сакате да водите здрав и активен живот на долг рок:

 

  1. Поставете си јасна цел
  • Една од најважните работи кои ќе ве водат е поставување на цел која сакате да ја постигнете. Дали тоа е намалување на 5cm во обем или вежбање секој втор ден, не е важно, се додека целта е остварлива и доволно мотивирачка.

 

  1. Дадете си временски рокови
  • Временските рокови се одлична алатка за држење до предвидениот термин за вежбање или пак, постигнување на целта за посакуваниот период.

 

  1. Евидентирајте го секој напредок
  • Послатко е кога ќе ги погледнете забелешките со промени кои настанале од упорниот тренинг од минатиот месец, нели?

 

  1. Слушајте ја омилената музика додека вежбате
  • Музиката можеби на моменти претставува најголема мотивација кога станува збор „будење“ на енергијата и желбата за физичка активност.

 

  1. Вежбајте во друштво и натпреварувајте се
  • Без разлика дали тоа е Вашиот партнер или Вашата најдобра пријателка, вежбањето во друштво е секогаш позабавно, а исто така, кога не ви се вежба секогаш ќе има личност која ќе ви го промени ставот. А за натпреварувањата, „будењето“ на натпреварувачкиот дух секогаш е мотивација за вежбање. За таа цел, имаме специјална септемвриска понуда:

 

 

  • И за крај, после напорното вежбање резервирајте си целосно уживање и опуштање во нашите спа центри со некоја од нашите септемвриски понуди:

 

Најпопуларни типови на масажи и нивниот придонес за подобро здравје

Во текот на летниот период сите ние се обидуваме да практикуваме некоја физичка активност, но понекогаш забораваме на една подеднакво важна активност која носи голем број на придобивки за нашето здравје, а тоа е  редовната посета на Спа центар, односно масажите.

Bo последно време, приоритизацијата на здравјето и велнесот стануваат актуелен и растечки тренд за повеќето од нас. Поради тоа, се зголемува и побарувачката за масажите кои се одличен начин за намалување на стресот и тензијата, или пак, поради здравствени причини. Доколку во последно време пројавувате интерес за тоа како може да го подобрите Вашето здравје, тимот на Synergy Fitness and Spa за Вас издвојува три типови на масажи кои ќе ви дадат загарантирано подобрување на вашето тело.

Спортска масажа

Спортската масажа може да се применува пред и после тренинг, но исто така и за рехабилитација од повреди. Истата масажа е наменета за сите оние кои сакаат да ја подобрат својата сила, издржливост и брзина, а воедно се смета за најдобар начин за закрепнување на мускулите, без разлика дали сте професионални спортисти или рекреативци.

Бенефитите од имплементирањето на спортска масажа вклучуваат:

  • Зголемена флексибилност
  • Отстранување на токсините
  • Намалена мускулна напнатост
  • Намалени грчеви во мускулите
  • Подобар сон

Медицинска масажа

Meдицинската масажа има за цел да му помогне на организмот да функционира правилно преку стимулирање на циркулацијата. Во денешно време сме изложени на многу стресни фактори, но правилно применетата медицинска масажа помага во намалувањето на стресот, а покрај тоа може да помогне во решавање на други здравствени проблеми.

Бенефитите од имплементирањето на медицинска масажа вклучуваат:

  • Намален крвен притисок
  • Оптимизирање на тонусот на мускулатурата
  • Олеснета подвижност на зглобовите
  • Ослободување на стрес

Aко копнеете да се чувствувате опуштено, освежено и смирено, тогаш ви препорачуваме:

Релакс масажа

Главната цел на релакс масажата е да ве релаксира, и е вистинскиот избор доколку на Вашето тело му е потребно опуштање. Со помош на оваа масажа, вашата кожа ја добива магијата на свиленкаст сјај, а телото добива целосно продлабочување на физичката и менталната благосостојба.

Бенефитите од имплементирањето на релакс масажа вклучуваат:

  • Ослободување од стрес
  • Подобрување на циркулацијата
  • Намалување на болките

Како и секогаш Synergy Fitness and Spa се грижи вас, и поради тоа овој месец ви подготвивме специјални понуди на горенаведените масажи по промотивна цени, и тоа:

Грижете се за Вас и Вашето здравје!

Најважните 4 тренинг принципи

Доколку сакате да извлечете максимален ефект од Вашиот тренинг, потребно е да следите неколку основни тренинг принципи:

Преоптоварување

Ставете го Вашето тело под дополнителен стрес. Ова ќе предизвика долгорочни адаптации овозможувајќи организмот да работи поефикасно за да се справи со ова повисоко ниво на перформанси. Овој принцип може да се постигне со следење на акронимот FITT (Frequency, Intensity, Time, Type)

Фреквенција – зголемете го бројот на неделни тренинзи. Доколку досега сте вежбале 3 пати неделно, оваа недела вежбајте 4, па 5 дена во неделата.

Интензитет – Зголемете ја тежината на вежбата која ја правите. Доколку до сега сте трчале со 9км/ч, следниот тренинг обидете се со 12км/ч, или доколку сте работеле со тежина од 5кг, следниот тренинг обидете се со 7кг.

Време – Зголемете го времетраењето на Вашиот тренинг. Наместо како досега да возите точак по 30 минути, едноставно издржете наредниот пат 45 минути.

Тип – Сменете го типот на вежбање. Доколку досега сте работеле претежно вежби со низок интензитет, следниот пат обидете се со вежби со висок интензитет.

Специфичност

Доколку сте професионален спортист, фитнес тренингот треба да биде специфичен за Вас и вашиот спорт. Посветете внимание на  енергетскиот систем кој претежно го користите, како и компонентите за фитнес вештини кои се важни за вашиот спорт, на пример: агилност, рамнотежа или мускулна издржливост.

Реверзибилност

Во суштина, доколку паузирате со тренинг,  тогаш постигнувањата што сте ги направиле ќе се променат. Значи, ако сте болни или имате одмор и не тренирате одреден временски период (дури и една недела), најверојатно нема да можете да продолжите со тренингот на местото каде што сте застанале последниот пат.

Варијација

Обидете се да го промените видот на тренингот, да му дадете на вашето тело поинаков предизвик. Едноставно, еден тренинг неделно заменете го со час јога или спининг. Запомнете дека промената е добра како и одморот.

Доколку се придржувате до овие тренинг принципи, можете да очекувате резултати на завидно ниво.

Проблеми и знаци за кои мажите треба гласно да зборуваат

Мажите е најтешко да ги однесете на лекар. Голем број истражувања потврдуваат дека дури 60% од мажите трпат болка, без притоа да се упатат на лекар. Најстрашно е што ги занемаруваат и оние знаци кои може да бидат аларм за почетна фаза на канцер. Ова се најсомнителните знаци кои не треба да ги занемарите.

Проблеми при мокрење

Знаците кои укажуваат на проблеми при мокрење како што се почесто мокрење, проблеми да започнете со мокрење или слаб млаз на урина може да се јават како резултат на зголемена простата. Простатата може да се зголеми заради воспаление или бенигнен тумор, но можно е и зголемувањето да биде еден од симптомите на карцином на простата. Преглед кај уролог ќе ви ги расчисти сите дилеми.

Промени во тестисите

Не ги заборавајте тестисите. Правете самопреглед бидејќи карциномот на тестиси се развива за многу кратко време. Доколку забележите било каква промена, грутка, тежина, веднаш разговарајте со уролог.

Крв во столица/урина

Присуството на крв во столицата може да биде знак за хемороиди, но фактот дека крвавата столица е еден од симптомите и на канцерот на дебелото црево е доволен за да ве поттикнеме да направите рутински преглед кај гастроентерохепатолог кој ќе одлучи што понатаму. Крвта во урината, исто така, е знак што не треба да го занемарувате.

Промени во усната празнина – посебно за пушачите

Пушачите имаат поголем ризик за карцином на усната празнина. Доколку забележите бели или црвени плаки на лигавицата разговарајте со вашиот лекар и стоматолог.

Болка

Да. Мажите се оние кои секогаш ја одложуваат посетата на лекар, дури и кога чувствуваат болка. Доколку чувствувате константна болка повеќе од еден месец, разговарајте со вашиот лекар. Болката може да биде симптом за голем број на карциноми, особено кога метастазираат.

Нагло губење на тежината

Наглото слабеење без да држите диета можеби е резултат на напорна работа, стрес и нередовна исхрана. Често може да биде причина и за проблеми со тироидната жлезда. Иако не е главен симптом за карцином, губењето на 10 килограми може да биде аларм за присуство на карцином на панкреас, абдомен или бели дробови.

Аеробен vs. Анаеробен тренинг

Сигурно се прашувате каков вид на тренинг е најдобар за да ги намалите вишокот килограми. Доколку Вашата цел е да ги намалите маснотиите, а воедно и да ја зголемите кондицијата, и аеробните и анаеробните вежби се добри за Вас. Но, која е разликата помеѓу нив и како заедно овозможуваат да се доведете до најдобра форма?

Аеробни и анаеробни се две од петте зони на срцевата фреквенција кои се пресметуваат со користење на проценетиот максимален пулс на срцето. Секоја зона нуди различни придобивки. Можете да го пресметате максималниот пулс на срцето со одземање на вашата возраст од бројот 220.

 

Аеробни тренинг

Аеробните вежби се вежби со ниско ниво на висок интензитет, каде во тек на целиот тренинг имате доволен доток на кислород кој е потребен за да ги задоволи барањата за енергијата потребна при овој вид на тренинг.  Со аеробниот тренинг ги согорувате маснотиите, користејќи ги истите како гориво,  додека во исто време го зајакнувате срцето и белите дробови.

Аеробната целна зона е 70 до 80 проценти од вашата максимална срцева фрекфенција.

На пример, ако сте 25-годишник кој сака да тренира на долниот крај на оваа зона, што е 70 проценти од максималната срцева фрекфенција, тоа значи дека мора да се стремите за пулс од 136 удари во минута за да останете во оваа зона.

 

Анаеробен Тренинг

Наспроти, но комплементарно на аеробните вежби, анаеробната вежба го користи гликогенот за гориво наместо маснотиите. Гликоген е полисахарид (јаглехидрати) на гликоза (шеќер). За време на анаеробниот тренинг, побарувачката на телото за кислород ја надминува понудата. Поради оваа причина овие вежби се изведуваат во кратки интервали. Градат мускулна маса и горат повеќе калории за разлика од аеробните вежби.

Анаеробната зона е 80 до 90 проценти од максималниот пулс на срцето. Ако сте 25-годишник кој сака да тренира на долниот крај на оваа зона, што е 80 проценти од вашиот максимум, тогаш мора да се стремите кон пулс од 156 удари во минута.

 

Бенефити

Аеробната зона помага да се подобри циркулацијата и транспортот на кислород до вашите клетки и ткива. Покрај тоа, помага во подобрување на капацитетот на белите дробови. Првично, и во оваа зона можете да останете без здив, но како што вашето тело се прилагодува на оваа зона, ќе ви биде полесно да го контролирате дишењето.

Анаеробната срцева зона помага да се изгради издржливост, особено со подобрување на вашиот VO2 max – максималната количина на кислород што вашето тело може да го претвори во енергија.