fbpx

Зошто загревањето и истегнувањето треба да бидат дел од вашата рутина за вежбање

Започнавте програма за вежбање за да се вратите во форма и да живеете поздрав начин на живот? Рутината за вежбање може да ви одзема време – но без разлика каков тип на вежбање ќе изберете или колку сте зафатени, од клучно значење е да не го прескокнете загревањето пред тренингот или  истегнувањето потоа.

Загревањето и истегнувањето  вклучуваат вежбање со помал интензитет и побавно темпо, што ги подобрува вашите атлетски перформанси, спречува повреди и помага при закрепнување од вежбање.

Придобивките од загревањето

 

1. Подобрен проток на крв

Загревањето 10 минути пред вежбање го подобрува протокот на крв во вашите скелетни мускули и ги отвора крвните капилари. Крвта го носи кислородот потребен за функционирање на вашите мускули, така што зголемувањето на протокот на крв е една од најдобрите работи што можете да ги направите за да ги подготвите вашите мускули за вежбање.

2. Подобрена ефикасност на кислородот

Кога правите вежби за загревање, кислородот се ослободува од вашата крв полесно и на повисоки температури. Вашите мускули бараат поголеми количини на кислород додека вежбате, па затоа е важно да го направите кислородот подостапен преку одредени вежби за загревање.

3. Превенција од повреди

Загревањето го намалува рузикот од повреди, помага во опуштање на зглобовите и подобрување на протокот на крв во мускулите. Исто така помага да се подготват вашите мускули за физичките активности што треба да ги извршите.

Придобивките од истегнување

 

1. Закрепнување

По интензивно вежбање, млечната киселина се акумулира во вашиот систем и потребно е време за вашето тело да ја исчисти. Вежбите за истегнување можат да помогнат во овој процес на ослободување и отстранување на млечната киселина, помагајќи да се забрза закрепнувањето на вашето тело после тренинг.

2. Намалување на DOMS (одложен почеток на мускулна болка)

Иако по вежбањето треба да се очекува болка во мускулите, значителна количина на DOMS можеда е непријатна и да ве спречи да вежбате во иднина. Истегнувањето после вежбање помага да се ублажи прекумерната болка во мускулите, со што ќе му дозволите на вашето тело да биде подготвено за следниот тренинг.

Што може да се случи ако не се загревате пред или истегнувате по вежбањето, правилно?

– Зголемен ризик од повреда

– Згрутчување на крвта

– Зголемен стрес на кардиоваскуларниот систем

Затоа не заборавајте да се загреете и истегнете пред и после вашиот тренинг во теретана!

Ве очекуваме во Synergy!

 

Што е најдобро да се јаде пред и после тренинг

За да го извлечете максимумот од вашите тренинзи обезбедете му на вашето тело јагленихидрати што му се потребни за енергија и протеини неопходни за градење мускули. Ако не го храните правилно вашето тело, издржливоста и силата што сакате да ја постигнете може лесно да се изгуби.

Идеално, треба да јадете 3 до 4 часа пред тренингот бидејќи јадењето пред тренингот може да го попречи вашето варење.

Предлози за оброци пред тренинг:

  1. Овесна каша со млеко со малку маснотии и овошје
  2. Грчки јогурт со шумско овошје
  3. Сендвич со путер од кикирики и банана

Што да се јаде кратко време пред тренинг?

Ако имате малку слободно време пред тренинг и не сте јаделе целосен оброк, сепак треба да внесете малку храна која ќе ви даде енергија потребна за вежбање. Не е препорачливо да јадете тешка храна, бидејќи тешкото варење на таквата храна може да ја одземе енергијата потребна за вежбање. Во овој случај, можете да ги испробате следните предлози:

  1. Банана
  2. Смути

После тренингот, препорачливо е храна богата со јаглени хидрати и протеини за да ја замени согорената енергијата за време на тренингот и да помогне во градењето на мускулите.

Предлози за оброци после тренинг:

  1. Пилешки гради со басмати ориз и зеленчук
  2. Кафеав ориз или киноа со зеленчук и ракчиња, тофу или пилешки парчиња
  3. Пилешки врап со авокадо
  4. Лосос и сладок компир

Јадењето пред тренинг ви дава енергија за вежбање, јадењето после тренинг му помага на вашето тело да се опорави. Тоа значи дека и двата термини за оброци се подеднакво важни, за вашето вежбање да има целосен ефект.

Во Synergy Health bar може да го најдете вистинскиот оброк за пред и после тренинг – кафе, смути, овошје..

Ве очекуваме!

 

 

 

Како да се ослободите од стресот

Вежбањето во било која форма и тоа како влијае на ефикасноста за вашиот организам да се бори со акумулираниот стрес. Секоја физичка активност може да Ве оддалечи од секојдневните грижи , а воедно да го зголеми лачењето на ендорфинот (хормонот на среќата).

И иако сите знаеме дека вежбањето е многу битно за нашето тело, премногу сме зафатени и под стрес за да го вметнеме во секојдневната рутина.

Вежбањето ја зголемува вашата целокупна здравствена состојба и вашето чувство за благосостојба. Но, вежбањето има и некои директни придобивки за намалување на стресот:

Го зголемува ослободувањето на ендорфинот

Физичката активност може да помогне да се зголеми производството на невротрансмитери на вашиот мозок, наречени ендорфини. Притоа, секоја аеробна физичка активност  (како на пример играње тенис или планинарење во природа) допринесува да се стимулира лачењето на ендорфинот.

Медитација во движење

По една долга прошетка во природа, трчање или неколку круга пливање во базенот, честопати може да откриете дека сте заборавиле на иритациите од денот и сте се концентрирале само на движењата на вашето тело.

Како што почнувате редовно да ги ослободувате дневните тензии преку движење и физичка активност, може да откриете дека ова фокусирање на една задача , како и енергијата и оптимизмот што произлегуваат од истото, можат да ви помогнат да останете смирени и фокусирани во сè што правите.

Го подобрува вашето расположение

Редовното вежбање може да ја зголеми самодовербата, да го подобри вашето расположение, да ви помогне да се опуштите и да ги намали симптомите на блага депресија и анксиозност. Вежбањето може да го подобри и вашиот сон, кој често е нарушен од стрес, депресија и анксиозност. Сите овие придобивки од вежбањето можат да го намалат нивото на стрес и да ви дадат чувство на команда над вашето тело и вашиот живот.

Како да започнете?

Доколку подолго време, или пак никогаш не сте вежбале, најпрво консултирајте се со Вашиот доктор.

-Одете пред да трчате, односно постепено надградувајте го Вашето фитнес ниво, без преголеми очекувања на почетокот.

За повеќете здрави возрасни лица се препорачува 150 минути умерена аеробна активност неделно, односно 75 минути интензивна аеробна активност неделно (или пак комбинација од двете). Поголем обем на физичка активност секако дека ќе допринесе до уште поголеми здравствени придобивки.

-Правете го тоа што го сакате. Речиси секоја форма на физичка активност може да го зголеми нивото на вашето фитнес искуство додека пропорционално го намалува стресот. Најважно е да изберете активност во која уживате.

-За да почнете и да останете лојални на Вашата основна цел – вежбањето, поставете си помали специфични, мерливи, остварливи, релевантни и временски ограничени цели.

Правила за исхрана кои ќе го поттикнат вашето вежбање

Што јадете, и кога, има големо влијание на нивото на вашата енергија и на тоа колку добро се опоравувате од тренингот. 

Но, каква храна треба да јадете за да имате корист од тренингот?  

Недоволното внесување на витамини, минерали и други хранливи материи може да го загрози здравјето и перформансите. 

Сепак, да се поттикне активност е лесно со следење на добро воспоставените правила на здрава исхрана. Јадете многу овошје и зеленчук, консумирајте протеини, јадете здрави масти, внесувајте јаглехидрати од цели зрна и пијте многу течности, особено вода. Дајте му ja на вашето тело потребната енергија. 

Правило бр. 1: Внесувајте јаглехидрати

Јаглехидратите се сфаќаат како непотребни од многу луѓе. Но, истражувањата во изминатите години покажаа дека помагаат на вашето тело за време на долги и интензивни вежби. Всушност, колку сте поактивни, толку повеќе јаглехидрати ви се потребни. 

 Но, што е со трендот спортистите да јадат повеќе маснотии и малку јаглехидрати? Доказите сугерираат дека овие диети не ги зајакнуваат атлетските перформанси и всушност ги попречуваат при повисок интензитет. 

За време на тренингот, јаглехидратите го поттикнуваат вашиот мозок и мускули. Поради тоа тие се многу битни редовно да се внесуваат преку исхранта. 

Правило бр. 2: Протеините се најважни во исхраната

Протеинот е важен бидејќи ги обезбедува аминокиселините што му се потребни на вашето тело за да изгради и поправа мускулите. 

Повеќето истражувања сугерираат дека многу активните луѓе треба да јадат 1,2 до 2 грама протеини по килограм телесна тежина. Луѓето кои не се активни треба да јадат помалку протеини. 

Правило бр. 3: Не ги игнорирајте мастите

Мастите се збунувачка тема за многу луѓе. Но, се од суштинско значење за здрава исхрана. Мастите даваат енергија и му помагаат на вашето тело да ги апсорбира витамините. Некои витамини (како А, Д, Е и К) всушност имаат потреба од маснотии за правилно да имаат корист на вашето тело. 

Бидете сигурни да изберете незаситени масти. Добри извори се маслото од авокадо, маслиново и канола, ленено семе и јаткасти плодови. 

Правило бр. 4: Знајте што ви треба пред тренинг

Јадењето во текот на денот треба да ви даде доволно енергија. Меѓутоа, за да избегнете проблеми со дигестивниот систем, избегнувајте да јадете непосредно пред да вежбате. 

Како општо правило, јадете еден до три часа пред тренингот, дури и ако сакате да правите постојана активност со висок интензитет. 

Правило бр. 5: Запомнете го правилото после тренинг

Вашето тело ги користи своите складирани извори на енергија за време на тренингот. Откако ќе извежбате, треба да ги вратите тие хранливи материи. 

Истражувањата покажуваат дека јадењето храна богата со протеини после тренингот, обезбедува есенцијални амино киселини кои ги градат и поправаат мускулите 

Експертите велат дека смути после тренинг е одличен избор, за да ги внесете сите хранливи материи кои се потребни после напорен тренинг. 

Па затоа, ве очекуваме во Синерџи на освежително смути и квалитетен тренинг! 

 

Зошто водата е неопходна за вашето тело?

Зошто водата е неопходна за вашето тело?

Според истражувањата на експертите нашето тело се состои од околу 60% вода. Исто така, се смета за суштинска материја, што значи дека телото не може да произведе доволно само преку метаболизмот за да ги задоволи дневните потреби.

Водата делува како амортизер, заштитувајќи ги вашите органи и ткива и помагајќи во одржувањето на клеточната форма.

Затоа, треба да се внесува доволно вода преку храна и пијалоци, за да се обезбеди правилна функција на телото.

7 придобивки од пиење вода секое утро

  • Помага да се рехидрира вашето тело
  • Чаша вода пред појадок го намалува внесот на калории во текот на денот
  • Ја подобрува вашата кожа
  • Ги подобрува менталните перформанси
  • Помага во елиминација на токсините
  • Ја регулира телесната температура
  • Го зајакнува вашиот имунитет

Да не заборавите на најважното – секојдневно внесувајте вода при физичката активност.

Ве очекуваме во Синерџи!

Дали ги знаеш придобивките од секојдневно пиење смути?

Смути пијалоците се одличен начин да го вклучите овошјето и зеленчукот во вашата исхрана и да добиете здрава доза на енергија од природни шеќери. Во продолжение ви ги откриваме петте придобивки од пиењето смути секој ден:

1. Ја поддржува функцијата на мозокот

Една од здравствените придобивки од секојдневното пиење смути е зголемување на функцијата на мозокот. Здравите масти помагаат да се нахрани мозокот и да се предизвика здрав развој на клетките. Ова води до зголемена меморија, побрзи стапки на учење и подобрена способност за обработка на информации.

2. Го зголемува нивото на енергија и помага во управувањето со тежината

Друга придобивка е зголеменото ниво на енергија. Со природните шеќери, здравите масти и протеините во секое смути, можете да добиете постојана енергија која ќе ве држи во текот на целиот денот.

3. Го зајакнува имунолошкиот систем

Редовното конзумирање на смути помага во одржувањето на здрав имунолошки систем. Антиоксидансите кои се наоѓаат во овошјето ги штитат клетките од оштетување, што доведува до здрав имунолошки систем. Антиоксидансите, исто така, може да помогнат да се спречи оштетувањето од слободните радикали и токсините кои можат да доведат до рак или срцеви заболувања.

4. Го зголемува внесот на витамини

Здрава придобивка од пиење смути секој ден е тоа што го зголемува внесот на витамини. Здравите овошја и зеленчуци во секое смути содржат дополнителни хранливи материи и ви даваат повеќе од доволно витамини за тој ден.

5. Го зголемува внесот на влакна во организмот

Влакната му помагаат на дигестивниот систем и може да помогнат во намалувањето на шансите за развој на срцеви заболувања и дијабетес. Некои намирници со висока застапеност на влакна кои треба да се додадат во смути се: малини, капини, јагоди, круши, јаболка, банани, темно лиснат зеленчук, семки од чиа, ленено семе, путер од бадем итн.

Во нашиот Health Bar можеш да најдеш најразлични видови и вкусови на смутиња, те очекуваме!

Вежбање пред спиење: Добра или лоша навика?

Дали е лошо да вежбате пред спиење?

 

Експертите често предупредуваат дека вежбањето доцна попладне и навечер може да го наруши сонот.

Сепак, сè поголем број докази сугерираат дека вежбањето пред спиење не им го отежнува заспивањето на повеќето возрасни лица, па дури и може да им помогне на некои да се одморат подобро.

 

Најдоброто и најлошото време за вежбање пред спиење

 

Едно истражување забележало дека учесниците кои вежбале наутро заспивале побрзо навечер, додека оние кои вежбале пред спиење останале да спијат подолго. Друго истражување открива дека енергичното вежбање пред спиење го зголемува пулсот, што го отежнува заспивањето. Трета студија утврди дека времето на вежбање воопшто не влијае на квалитетот на сонот. Во принцип, добро е да вежбате во секое време од денот. Сепак, некои истражувачи сугерираат дека треба да престанете да вежбате најмалку 90 минути пред спиење.

 

Совети за вежбање во текот на ноќта:

 

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го извлечете максимумот од вечерното вежбање  за да спиете подобро.

Темпирајте: Едно истражување покажа дека луѓето кои вежбале умерено или интензивно три часа пред спиење, заспивале побрзо од оние кои не вежбале.

Но, на телото му требаат околу 90 минути за да се врати во состојба на одмор после вежбање. Избегнувајте вежбање непосредно пред да си легнете.

Зајакнете ја врската помеѓу умот и телото: Видови вежби, какви што нуди јогата, се поврзуваат со подобрување на ментално здравје, како и со спиењето. Ако се борите со анксиозност или несоница, обидете се да вежбате и со ум и со тело за да ја ослободите напнатоста и стресот.

Слушајте го вашето тело: Ако се сомневате дека вашата вечерна рутина за вежбање ве држи будни навечер, обидете се со друг вид вежба или префрлете се на утринска или попладневна сесија.

 

Ве очекуваме во Synergy!

„СМАРТ“ пристап за константност при вежбање

„SMART“ е ефективна алатка која обезбедува јасност, фокус и мотивација кои ви се потребни за да ги постигнете вашите цели.

Кога станува збор за здрав и активен живот, вежбањето е неопходен дел, но сепак, повторувањето на исти тренинзи недела по недела може да стане монотоно и да ја намали мотивацијата.

Затоа е важно периодично да ја ажурирате вашата лична фитнес рутина користејќи го SMART пристапот. Овој систем (специфичен, мерлив, остварлив, реален, временски ограничен) може да се користи во голем број сценарија од управување со проекти до личен развој, но тој е особено ефикасна алатка кога станува збор за физичката кондиција и дисциплина.

 

Специфични

Вашата цел треба да биде јасна и конкретна, во спротивно нема да можете да ги фокусирате вашите напори или да се чувствувате вистински мотивирани за да ја постигнете.

Ова можете да го постигнете преку поставување на следните прашања:

  • Што сакам да постигнам?
  • Зошто е важна оваа цел?

 

Мерливи

Важно е да имате мерливи цели, за да можете да го следите вашиот напредок и да останете мотивирани.

Ова можете да го постигнете преку поставување на следните прашања:

  • Колку?
  • Како ќе знам кога ќе се постигне?

 

Достижни

Вашата цел исто така треба да биде реална и остварлива за да биде успешна. Со други зборови, тоа треба да ги прошири вашите способности, но сепак да остане возможна.

Ова можете да го постигнете преку поставување на следните прашања:

  • Како можам да ја постигнам оваа цел?
  • Колку е реална целта, врз основа на други ограничувања, како што се финансиските фактори

 

Релевантни

За вашите цели да останат релевантни, потребно е да си ги поставите следните прашања:

  • Дали ова изгледа вредно?
  • Дали ова одговара на нашите други напори/потреби?
  • Дали е применлив во сегашната социо-економска средина?

 

Временски ограничен

Секоја цел има потреба од датум, за да имате рок на кој треба да се фокусирате.

Ова можете да го постигнете преку поставување на следните прашања:

  • Што можам да направам за шест месеци од сега?
  • Што можам да направам за шест недели од сега?
  • Што можам да направам денес?

 

Да го земеме вежбањето во теретана како пример користејќи го SMART пристапот.

Прво, поставете одредена цел, тоа може да биде посета на теретана 2 пати неделно или три пати неделно. Следно, измерете ги потрошените калории со помош на паметниот телефон или паметниот часовник и запишете го бројот во дневникот на активности. Поставете остварлива/достижна цел што може да се мери или квантифицира, како што е вежбање по еден час на дневно ниво. Исто така, треба да изберете цел што е реална со оглед на вашата способност и расположливите ресурси.

 

Започнете веднаш, Ве очекуваме во Synergy Fitness & Spa!

Како вежбањето влијае на менталното здравје

Како вежбањето влијае на менталното здравје?

 

Скоро сите сме запознаени дека вежбањето е проактивен начин за подобрување на нашата физичка состојба и борба против болести, препознатливо како суштински елемент во градењето и одржувањето на менталната „кондиција“.

Истражувањата покажаа дека редовната физичка активност е исто толку ефикасна како и психотерапијата за лекување на блага до умерена депресија. Физичките вежби помагаат во борбата против неактивноста и чувството на безнадежност кои се карактеристични за депресијата.

Со редовна физичка активност можеме да:

– Ја намалиме анксиозноста. Многу студии дојдоа до овој заклучок дека луѓето кои вежбаат велат дека имаат помалку стресни моменти и се помалку нервозни.

– Вежбањето позитивно влијае на расположението особено кога се работи за „бегање“ од напнатоста, заморот, лутината и енергијата.

– Вежбањето може да го подобри начинот на кој ја перципирате вашата физичка состојба, спортските способности и имиџот на телото. Зголемената самодоверба е уште една придобивка.

-Последно, но не и најмалку важно, вежбањето ве доведува во контакт со други луѓе во една позитивна средина во кои делите слични интереси.

 

Затоа, не чекајте и започнете веднаш!

Ве очекуваме во Synergy Fitness&Spa.

Биди посилна, биди подобра, заедно со Synergy Fitness & Spa!

Денес го славиме извонредниот придонес на жените во општеството, како ѝ инспиративната улога во борбата за своите права, како чекор кој секојдневно го надминува својот потенцијал.

 

Како да го изберете идеалниот подарок за овој посебен ден, но и да заштедите време?

 

Прво, треба да ја категоризирате жената на која сакате да и подарите подарок – дали тоа е Вашата мајка, баба, сестра, пријателка или пак, колешка, или пак на сите нив.

Потоа, доаѓа ред на избор на идеалниот подарок. За да ги „избегнете“ класичните подароци, ние ви подготвиме две промоции.

Првата промоција е наменета за сите физички активни жени кои сакаат, а таа гласи вака – 3 месеци фитнес и 12 персонализирани тренинзи по цена од 8.000 ден.

Но исто така, ја подготвивме и следната промоција – 10 антицелулитни масажи и 10 посети на спа центар по цена од 4.000 ден.

Количините на овие две промоции се ограничени и се валидни за уплати само на 08.03.2022.

 

Да не заборавиме дека време за дарување е секој ден, не само денес, па токму поради тоа, во текот на целиот месец ги имаме следните ваучери кои може да ги подарите за уживање и релаксација:

 

  • Спортска масажа на цело тело и 2 часа посета на спа зона по цена од 1.500 ден.
  • Медицинска масажа на цело тело и 2 часа посета на спа зона по цена од 1.400 ден.
  • Релакс масажа на цело тело и 2 часа посета на спа зона по цена од 1.200 ден.

 

И за крај, наједноставната, но за многумина и најдрагата честитка – Ви посакуваме Среќен 8ми март!