fbpx

Најважните 4 тренинг принципи

Доколку сакате да извлечете максимален ефект од Вашиот тренинг, потребно е да следите неколку основни тренинг принципи:

Преоптоварување

Ставете го Вашето тело под дополнителен стрес. Ова ќе предизвика долгорочни адаптации овозможувајќи организмот да работи поефикасно за да се справи со ова повисоко ниво на перформанси. Овој принцип може да се постигне со следење на акронимот FITT (Frequency, Intensity, Time, Type)

Фреквенција – зголемете го бројот на неделни тренинзи. Доколку досега сте вежбале 3 пати неделно, оваа недела вежбајте 4, па 5 дена во неделата.

Интензитет – Зголемете ја тежината на вежбата која ја правите. Доколку до сега сте трчале со 9км/ч, следниот тренинг обидете се со 12км/ч, или доколку сте работеле со тежина од 5кг, следниот тренинг обидете се со 7кг.

Време – Зголемете го времетраењето на Вашиот тренинг. Наместо како досега да возите точак по 30 минути, едноставно издржете наредниот пат 45 минути.

Тип – Сменете го типот на вежбање. Доколку досега сте работеле претежно вежби со низок интензитет, следниот пат обидете се со вежби со висок интензитет.

Специфичност

Доколку сте професионален спортист, фитнес тренингот треба да биде специфичен за Вас и вашиот спорт. Посветете внимание на  енергетскиот систем кој претежно го користите, како и компонентите за фитнес вештини кои се важни за вашиот спорт, на пример: агилност, рамнотежа или мускулна издржливост.

Реверзибилност

Во суштина, доколку паузирате со тренинг,  тогаш постигнувањата што сте ги направиле ќе се променат. Значи, ако сте болни или имате одмор и не тренирате одреден временски период (дури и една недела), најверојатно нема да можете да продолжите со тренингот на местото каде што сте застанале последниот пат.

Варијација

Обидете се да го промените видот на тренингот, да му дадете на вашето тело поинаков предизвик. Едноставно, еден тренинг неделно заменете го со час јога или спининг. Запомнете дека промената е добра како и одморот.

Доколку се придржувате до овие тренинг принципи, можете да очекувате резултати на завидно ниво.