fbpx

Враќање во форма после празниците

Празничните трпези се еден од омилените „highlights” за време на празниците, па дури и за оние кои пазат на исхраната. Но, празниците полека завршуваат, а време е ние да се вратиме на она што претставува главен извор на енергија и витка става, вежбањето и здравиот начин на исхрана!

Па, за да се разбудиме од зимскиот сон ви припремивме неколку рецепти за детокс оброци кои ќе ви помогнат да ја вратите рамнотежата на исхраната. Погледнете ги во продолжение и уживајте во вкусниот избор:

Зимско зелено смути:

  • 1 морков
  • 2 портокали
  • 1 шолја спанаќ
  • Малку брокула
  • 1 банана
  • 1 јаболко
  • Една шолја вода
  • За зимскиот вкус да преовладува, додадете малку цимет или рендано морско оревче.

Не-обична детокс вода:

  • 2 парчиња круша, се сече на помали парчиња
  • 1 парче вар, се сече на половина
  • 1/4 инчен тенок парче ѓумбир

„Строгадетокс вода:

  • 1 лажица рендан ѓумбир
  • сок од два лимони
  • 1 лажица цимет
  • 2 L вода

 

Да не заборавите на најважното – физичката активност.

Ве очекуваме во Синерџи!

8 совети за водење здрав начин на живот

Со цел да си го подобрите квалитетот на животот кој што го живеете, здравјето и благосостојбата, потребни се низа подобрувања и придржувања до некои правила кои со текот на времето треба да станат Ваш начин на живот. Преку одржување на здрави навики и избегнување на помислата за откажување, можете да ја постигнете посакувана цел.

 

Еве неколку основни совети за одржување на здравјето и подобрување на квалитетот на животот:
Оптимална хидратација
  • За оптимална хидратација на организмот потребно е да внесуваат доволно течности, пред се вода, најмалку 8 чаши дневно. Така ќе имате повеќе енергија, а кожата ќе Ви биде повеќе еластична и поздрава.
Квалитетен сон е половина здравје
  • Долгочасовниот сон не Ви е доволен? Освен вечерниот сон, секојдневно мора да си дозволите барем 30 минутен квалитетет одмор од тековните обврски. На тој начин, Вашиот вечерен сон ќе биде квалитетен и ефективен.
Избегнување на пушење, алкохол и други штетни материи
  • Ризикот од кардиоваскуларни и мозочни заболувања значително се зголемува кај пушачите, а редовното консумирање на алкохол предизвикува зависност, депресија и анксиозност, висок крвен притисок и заболувања на црниот дроб. Обидете се максимално да ја избегнувате редовната консумација на овие штетници.
Храна и свежи сокови
  • Изборот на храна и начинот на внесување во организмот е од голема важност за здрав начин на живот. Исто така обидете се да внесувате свежо цедени сокови, наместо купечки.
Правилен избор на опкружување
  • Изберете го Вашето опкружување, изберете ги вистинските луѓе покрај себе. Навиките и енергиите на луѓето со кои го делиме нашето секојдневие стануваат дел од нас и нашето секојдневие, па токму поради тоа направете го вистинскиот избор.
3 часа без телефон
  • Обидете се да одвоите барем 3 часа од Вашето секојдневие каде што нема да имате допир со Вашиот телефон. Реалноста е многу поважна.
Активен животен стил
  • Активниот начин на живот секогаш придонесува кон подобрување на квалитетот на животот, зголемување на издржливост и флексибилност, подобрување на благосостојбата. Поради тоа, потрудете се да имате квалитетен живот.
Редовна физичка активност
  • Физичката активност освен што е помагало за контролирање и намалување на телесната тежина, помага во намалување на ризикот при срцеви и малигни заболувања, го подобрува менталното здравје и и зголемува шансите за поквалитетен живот.

 

Подобрете го Вашиот квалитет на живот и започнете со промени за постигнување на посакуваната цел.

Овој Black Friday искористете ги промоциите:

Количините се ограничени. Важи само за онлајн уплати.

Акупунктура: како функционира и кои се нејзините придобивки

Што е акупунктурата?

 

Акупунктурата вклучува вметнување на тенки игли низ Вашата кожа во некои точки на Вашето тело. Таа најчесто се практикува за лекување болки, но исто така се користи за целокупна благосостојба, како и за управување со стресот.

Традиционалната кинеска медицина ја објаснува акупунктурата како техника за балансирање на протокот на енергија или животна сила – позната како чи или qi – за која се верува дека тече низ некои патишта во Вашето тело. Со внесување игли во одредени точки долж овие патишта Вашиот проток на енергија ќе одржува баланс.

Акупунктурата се користи главно за ублажување на непријатност поврзана со различни болести и состојби. Современите истражувања докажуваат ефекти на акупунктурата врз нервниот систем, ендокриниот и имунолошкиот систем, кардиоваскуларниот и дигестивниот систем. Со стимулирање на различните системи на телото, акупунктурата може да помогне во процесот при решавање на болката, подобрувајќи го спиењето, дигестивната функција и чувството на благосостојба.

Стотици клинички студии за придобивките од акупунктурата покажуваат дека успешно ги третира состојбите кои се движат од мускулно-скелетни проблеми (болки во грбот, болки во вратот и други) до гадење, мигрени, анксионзност и депресија, алергии, несоница и хипертензија.

 

Кои се придобивките од акупунктурата?

 

Ако размислувате за акупунктура за прв пат во продолжение ќе наведеме неколку од здравствените придобивки што може да ги уживате ако примате третман за акупунктура:

  • Акупунктурата го намалува стресот
  • Намалена болка во грбот и зглобовите
  • Олеснување на главоболка
  • Подобрен вид
  • Подобар сон
  • Помага при алергии
  • Го контролира крвниот притисок
  • Ја зголемува енергијата
  • Ги намалува дигестивните проблеми

Доколку сте заинтересирани и сакате да ги искусите бенефитите на акупунктурата, закажете го вашиот термин во Synergy Fitness & Spa и заборавете на болките! 😊

5 работи кои ќе ве мотивираат да почнете со вежбање

Одлучност, упорност и мотивација – трите клучни работи кои ќе ве водат низ процесот на вежбање, без разлика дали преферирате трчање, возење велосипед или пак, посета на фитнес центар.

 

Прочитајте ги следните совети како да се мотивирате после долга пауза, или пак сакате да водите здрав и активен живот на долг рок:

 

  1. Поставете си јасна цел
  • Една од најважните работи кои ќе ве водат е поставување на цел која сакате да ја постигнете. Дали тоа е намалување на 5cm во обем или вежбање секој втор ден, не е важно, се додека целта е остварлива и доволно мотивирачка.

 

  1. Дадете си временски рокови
  • Временските рокови се одлична алатка за држење до предвидениот термин за вежбање или пак, постигнување на целта за посакуваниот период.

 

  1. Евидентирајте го секој напредок
  • Послатко е кога ќе ги погледнете забелешките со промени кои настанале од упорниот тренинг од минатиот месец, нели?

 

  1. Слушајте ја омилената музика додека вежбате
  • Музиката можеби на моменти претставува најголема мотивација кога станува збор „будење“ на енергијата и желбата за физичка активност.

 

  1. Вежбајте во друштво и натпреварувајте се
  • Без разлика дали тоа е Вашиот партнер или Вашата најдобра пријателка, вежбањето во друштво е секогаш позабавно, а исто така, кога не ви се вежба секогаш ќе има личност која ќе ви го промени ставот. А за натпреварувањата, „будењето“ на натпреварувачкиот дух секогаш е мотивација за вежбање. За таа цел, имаме специјална септемвриска понуда:

 

 

  • И за крај, после напорното вежбање резервирајте си целосно уживање и опуштање во нашите спа центри со некоја од нашите септемвриски понуди:

 

Најпопуларни типови на масажи и нивниот придонес за подобро здравје

Во текот на летниот период сите ние се обидуваме да практикуваме некоја физичка активност, но понекогаш забораваме на една подеднакво важна активност која носи голем број на придобивки за нашето здравје, а тоа е  редовната посета на Спа центар, односно масажите.

Bo последно време, приоритизацијата на здравјето и велнесот стануваат актуелен и растечки тренд за повеќето од нас. Поради тоа, се зголемува и побарувачката за масажите кои се одличен начин за намалување на стресот и тензијата, или пак, поради здравствени причини. Доколку во последно време пројавувате интерес за тоа како може да го подобрите Вашето здравје, тимот на Synergy Fitness and Spa за Вас издвојува три типови на масажи кои ќе ви дадат загарантирано подобрување на вашето тело.

Спортска масажа

Спортската масажа може да се применува пред и после тренинг, но исто така и за рехабилитација од повреди. Истата масажа е наменета за сите оние кои сакаат да ја подобрат својата сила, издржливост и брзина, а воедно се смета за најдобар начин за закрепнување на мускулите, без разлика дали сте професионални спортисти или рекреативци.

Бенефитите од имплементирањето на спортска масажа вклучуваат:

  • Зголемена флексибилност
  • Отстранување на токсините
  • Намалена мускулна напнатост
  • Намалени грчеви во мускулите
  • Подобар сон

Медицинска масажа

Meдицинската масажа има за цел да му помогне на организмот да функционира правилно преку стимулирање на циркулацијата. Во денешно време сме изложени на многу стресни фактори, но правилно применетата медицинска масажа помага во намалувањето на стресот, а покрај тоа може да помогне во решавање на други здравствени проблеми.

Бенефитите од имплементирањето на медицинска масажа вклучуваат:

  • Намален крвен притисок
  • Оптимизирање на тонусот на мускулатурата
  • Олеснета подвижност на зглобовите
  • Ослободување на стрес

Aко копнеете да се чувствувате опуштено, освежено и смирено, тогаш ви препорачуваме:

Релакс масажа

Главната цел на релакс масажата е да ве релаксира, и е вистинскиот избор доколку на Вашето тело му е потребно опуштање. Со помош на оваа масажа, вашата кожа ја добива магијата на свиленкаст сјај, а телото добива целосно продлабочување на физичката и менталната благосостојба.

Бенефитите од имплементирањето на релакс масажа вклучуваат:

  • Ослободување од стрес
  • Подобрување на циркулацијата
  • Намалување на болките

Како и секогаш Synergy Fitness and Spa се грижи вас, и поради тоа овој месец ви подготвивме специјални понуди на горенаведените масажи по промотивна цени, и тоа:

Грижете се за Вас и Вашето здравје!

Коронавирус- колку е безбедно вежбањето во Фитнес сала?

Коронавирус- колку е безбедно вежбањето во Фитнес сала?

 

Изминатата година беше збунувачка за сите посетители на фитнес центрите. На почетокот на март спортските сали и фитнес центрите добија насоки да ги затворат вратите како една од мерките за сузбивање на тогаш новиот Коронавирус. Домашните онлајн тренинзи станаа норма и секојдневие. Потоа, крајот на јуни беше обележан со повторно отворање на сите фитнес и спортски објекти, секако под строго регулирани услови.

Фитнес сала и коронавирус – што вели статистиката?

По отворањето на фитнес салите во Англија беше спроведено едно истражување кое опфати повеќе од 1300 фитнес сали. Во првите трите недели од повторното отворање (25 јули до 16 август), имало повеќе од осум милиони посети на фитнес центрите. Од податоците, само 17 лица кои биле во посета на фитнес салите во Англија, биле тестирани позитивно на ковид-19, што резултирало со 0,020 случаи на секои 10 000 посети.

Од друга страна, согласно извештајот за надзор на јавното здравје во Англија, во периодот од 19 до 25 Октомври биле регистрирани 107.046 луѓе кои биле позитивни на коронавирус.

Од нив, 33.233 пријавиле контакт со други лица во претходните седум дена. 930 лица изјавиле дека биле во фитнес сала – тоа е 2,8% од сите пријавени локации. Притоа, не е познато дали истите биле изложени на коронавирусот во фитнес сала – само е познато дека ја посетиле салата.

Согласно овие податоци, фитнес салите се споменуваат во 2,8% од случаите, додека супермаркетите се застапени во 11,2%, а пабовите и баровите во 7,4% од вкупниот број на посетени локации.

Во недостаток на ваква статистика кај нас, ние би можеле само да констатираме што точно се случувало во нашиот фитнес центар:

Во месец октомври, од вкупно 6.066 посети и вкупно 356 активни членарини, 4 клиенти пријавиле дека се позитивни на ковид. Тоа изнесува 1,12% од вкупниот број на членови, притоа без никаква можност за трансмисија помеѓу нив со оглед на тоа што секој од нив доаѓал во различен термин, а дел и во различен период.

Согласно горе наведеното, почитувањето на протоколот е од есенцијално значење – почитување на термините, користење на сопствена крпа, одржување пристојна физичка дистанца, дезинфекција на справите пред и по секоја употреба и тоа како придонесуваат да останеме физички активни со минимална веројатност да се заразиме или да изложиме некој друг доколку ние го носиме вирусот.

 

Кога е најпогодно време да се вратите во фитнес сала после прележан коронавирус?

Бидете сигурни дека сте целосно подобри

Колку подолго и посериозно е Вашето искуство со коронавирусот, толку подолго време ќе Ви биде потребно да се опоравите и да се вратите на вежбање. Важно е да ја пратите својата состојба и да немате преголеми очекувања од себе.

 

Почнете пополека

Користете го вашиот разум. Започнете со кратки тренинзи со слаб интензитет. Во зависност од тоа како се чувствувате, постепено зголемувајте го интензитетот и времетраењето на тренинзите.

 

Слушајте го вашето тело

Ако повторно почнете да се чувствувате лошо или се чувствувавте целосно неспособни за активноста што ја правите, тогаш само повлечете се чекор наназад и обидете се повторно со нешто полесно кога ќе чувствувате можност за тоа.

 

Одморете се и опоравете се

Вашето тело беше ангажирано да се бори со доста сериозен вирус. Доколку покрај ова, дополнително го ангажирате Вашето тело и со вежбање може да се појават несакани ефекти. Затоа, добра идеја е да си дозволите дополнително спиење и одмор за вашето тело да се врати во нормална состојба .

 

Останете позитивни

Забавете го темпото. Можеби на почетокот ќе се почувствувате како одново да почнувате со вежбање, но ќе бидете изненадени од тоа колку брзо ќе ја вратите вашата физичка подготвеност. Запомнете дека Вашата активност ќе Ви помогне да го одржите имунитетот во добра форма за идните инфекции .

Протокол за работа на Синерџи Фитнес Центар

Сите вработени, клиенти и посетители на Фитнес Центарот мораат да ги почитуваат мерките за превенција и заштита од Коронавирусот Covid-19:

 

  • На секој вработен, клиент или посетител на Фитнес Центарот кај кој постои сомнеж дека има респираторни симптоми карактеристични за Covid-19 (температура, кашлица), не му е дозволен влез во Цнетарот и истиот може да биде отстранет од просториите.

 

  • При секој влез во Центарот, задолжително треба да се дезинфицираат рацете со средство за дезинфекција кое е видно поставено на повеќе локации, како и безконтактно мерење на телесната температура.

 

  • Секој клиент задолжително користи своја крпа во фитнес салата. Ние немаме право да Ви дадеме крпа.

 

  • Задолжително е носење на чисти спортски обувки наменети за тренинг во фитнес сала.

 

  • Секој корисник на услугите задолжително однапред го закажува својот термин за вежбање преку нашата веб страница https://synergyfitness.com.mk/.
    Термините за вежбање се ограничени на 1 час и 30 минути. Помеѓу секој термин е оставена времена разлика од 30 мин за дезинфекција на површините пред да влезе следната група клиенти.

 

  • Целата спортска опрема, справи и другите контактни површини мора да се дезинфицираат пред и по секоја употреба. Средствата за дезинфекција се поставени во шишенца со распрскувач на повеќе локации во фитнес зоната и во соблекувалните.

 

  • Задолжително е физичко растојание од 2м помеѓу секој корисник, односно користење на секоја втора справа.

 

Секој вработен, клиент или посетител кој не го почитува протоколот може да биде отстранет од фитнес центарот.

Во продолжение Протоколи кои произлегуваат од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот.

Фитнес рутина во домашни услови

Ова се црни денови за сите фитнес приврзаници.

Меѓутоа,  одржувањето на фитнес рутина во оваа криза е премногу важно. Анксиозноста и неизвесноста се најдобри пријатели на стресот, а стресот, како што знаеме, си има свои последици. Наша должност е да практикуваме социјална изолација во текот на следните неколку недели,но не можеме само да седиме, јадеме, 24 часа да пратиме вести и да дозволиме негативната енергија да не надвладее. Напротив,  мора да ги одржуваме нашите редовни фитнес рутини, не само заради борбата со стресот, туку и да спречиме губење на интензитетот. Секој што се грижи за својата физичка подготвеност со нјамала инвестиција може да ги има следниве парчиња опрема дома:

  • Еднорачни тегови – кои се движат во тежина од три килограми до колку и да можете да подигнете над глава со една рака.

 

  • Јаже за скокање –  Дури и во изолација, мора да работите на Вашето кардио.

 

  • Resistance bands – од најмалку две различни нивоа на отпор. Oдлични се за основни вежби за мобилност.

 

  • Kettlebell (и). Најмалку една тежина, тежината одредете ја  во зависност од вашите вештини и искуство.

 

  • Систем за суспензија – убаво е да се има. Системите за суспензија како TRX се преносни и дозволуваат најразновидни тренинзи.

 

Меѓутоа, и без опрема, доволно е само да бидете креативни. Има голем број на вежби за целото тело кои можете да ги изведувате само со сопствена тежина.

И секако, доколку имате деца – инволвирајте ги и нив во секојдневната тренинг рутина. Децата сакаат да Ве повторуваат, а од друга страна, Вашиот тренинг го претворате во забава за целото семејство

Колку редовната физичка активност и исхраната влијаат на имунитетот

Имунитетот е способност на човечкиот организам да се брани од инфекции и болести. Имунолошкиот систем е составен од различни клетки, ткива и молекули. Имунолошкиот систем генерално е класифициран на 2 главни „краци“ – неспецифични и адаптивни (специфични и стекнати) – но сите компоненти работат во една синергија и функционираат на високо синхронизиран начин.

Неспецифичните клетки може да реагираат многу брзо, но немаат своја  специфичност (односно ист одговор на сите предизвици), додека адаптивните имааат антигенска специфичност и „ меморија “, но потребен е многу подолг период за да се развијат по првичната изложеност на инфективен агенс, иако брзината и големината на овој систем се зголемува со последователна изложеност на иста инфекција.

Имунолошката функција се менува во текот на целиот животен век, со разлики кои се очигледни во одредени фази. Редовното вежбање, како и навиките во исхраната се важни фактори кои имаат значително влијание врз тоа колку добро имунолошкиот систем реагира на предизвиците во сите фази од животот.

Физичката активност и имунолошкиот систем

Редовната умерена аеробна активност се промовира како стратегија за стимулација на имунулошката функција на организмот, или поедноставно кажано:

  • Физичка активност доведува до побрзо испуштањето на бактериите од белите дробови и дишните патишта. Ова ја намалува можноста да заболите од настинка, грип или друга болест.
  • Покрај ова, вежбањето предизвикува промена и на антителата и белите крвни клетки (клетките на имунолошкиот систем на организмот кои се борат со болести). Овие антитела при вежбање и забрзување на метаболизмот циркулираат побрзо, така што побрзо можат да детектираат инфекција во Вашиот организам и да се борат со нејзе.
  • Краткото покачување на телесната температура за време и веднаш после вежбање може да го спречи ширењето на бактериите. Овој пораст на температурата може да му помогне на телото подобро да се бори против инфекцијата.
  • Покрај сето ова, вежбањето го забавува ослободувањето на хормоните на стрес. Некои од овие хормони ја зголемуваат можноста за заболување. Затоа, помалку хормони на стрес – подобар имунитет.

 

Исхраната и имунолошкиот систем

Исхраната има и директни и индиректни ефекти врз имунитетот. Прекумерната исхрана, односно дебелината доведуваат до веќе познати здравствени исходи како Срцеви заболувања, дијабетес и слично. Меѓутоа,  област што доби ограничено внимание е влијанието на дебелината врз одбранбениот механизам и  ризикот од инфекција. Како и да е, се смета дека вишокот на внес на хранливи материи предизвикува имунолошка дисрегулација, при што дебелината е поврзана со состојба на хронично воспаление на ниско ниво и поголем ризик од развој на инфекции, особено оние на респираторниот тракт. ​​Оттука , зголемената физичка активност може да биде корисна кај по дебелите лица за намалување на тежината, но и поради антиинфламаторните ефекти на вежбање.

Неисхранетоста / неухранетоста се карактеризира со недоволен внес на вкупна енергија и макронутриенти и / или недостатоци во специфични микронутриенти. Неухранетоста е една од водечките причини за имунодефициенција во земјите во развој. Иако неухранетоста е ретка во развиените земји, недостатоците на одредени хранливи материи може да се појават едноставно како резултат на лошите избори во исхраната. Оттука, се чини дека една од најпрагматичните „интервенции“ (а можеби и наједноставната стратегија) за подобрување на  имунитетот и намалување на ризикот од инфекција е да консумирате здрава и урамнотежена храна.

 

Постојат многу фактори кои можат да влијаат на имунитетот и ризикот од инфекција. Редовната физичка активност и навиките во исхраната се важни фактори кои имаат значително влијание врз тоа колку добро имунолошкиот систем реагира на секој предизвик. Затоа, и покрај тоа што сте дома, хранете се умерено и практикувајте физичка активност.

Неколку работи кои треба да ги знаеме за корона вирусот

Kако можеме да ја поставиме појавата на коронавирусот во контекст со другите епидемии од висок ризик во последната деценија, како Зика или Х1Н1?

Зика не е добра споредба затоа што Зика се шири со каснувања од комарци, а COVID-19 се распространува од човек на човек, откако за прв пат им е пренесено на луѓето преку животно (COVID-19 е многу тесно поврзано со коронавирусот од лилјак, но дали заразата е пренесена првично преку  друго животно на човекот – не се знае)

Инфективноста е опишана со број наречен Основен Репродуктивен Број – R0, („R – нула“). Најдобрата проценка за COVID-19 е дека R0 е околу 2,2, што значи дека е приближно исто инфективно како грип или САРС. Сепак, R0 ви кажува сè што треба да знаете за тоа колку ќе биде алармантна инфекцијата: САРС инфицирала 8000 луѓе во светот, додека во Македонија оваа сезона има 4.316 случаи на сезонски грип. Се чини дека е слично на грипот H1N1, но за разлика од грипот, никој не може да има делумен имунитет, изграден од претходна инфекција или имунизација на грип. COVID-19 е премногу нов.

Како се споредува стапката на морталитет со грипот?

Не е јасно точно какви стапки на смртност се потврдуваат секој ден, но СЗО на 3 март изјави дека е околу 3,4 проценти на глобално ниво, при што постарите лица се изложени на многу поголем ризик.

Во типична сезона на грип, стапката на смртност е околу 0,1%. Во 1918 година, каде грипот Х1Н1 уби 50 милиони луѓе, стапката на смртност е 2,5%.

Дали напорите за изолација се неопходни за ограничување на коронавирусот?

Апсолутно. Во заразна епидемија, службениците за јавно здравје имаат само неколку навистина ефективни алатки. Едната е ефективна вакцина, која сè уште не е достапна за СОВИД-19.  Другата алатка е лекот, доколку има ефективни антивирусни лекови, а за коронавирусот сеуште немаме (испитувањата се во тек). Конечна и најстара алатка е да се држат луѓето подалеку едни од други, односно карантинот и изолацијата.

Дали и колкави количини на храна треба да набавиме во случај на изолација?

Како што видовме од искуството во Дебар, можно е да има прекини во снабдувањето со храна и други добра. Како и да е, купувањето на огромни количини храна, како и паника во супермаркети е многу лоша идеја. Размислете и добро испланирајте залиха на храна и други добра за две недели, но не повеќе. Размислете и за лекови, храна за вашите миленици, батерии и слично.

Дали има некакви диференцирачки симптоми за рано препознавање на короновирусот?

Не, коронавирусот може да започне точно како обична настинка. Симптомите обично започнуваат околу 5 дена по изложеноста, но периодот на инкубација може да трае до 14 дена. Како што е наведено порано, многу случаи немаат никакви симптоми.

Симптоми на тешка болест се треска, кашлица и останување без здив. Ова може да укаже на пневмонија, најопасната форма на болеста која најверојатно ќе ве доведе да побарате хоспитализација. Критичното заболување со COVID-19, особено кај постарите лица, е многу опасно.

Дали вирусот останува активен засекогаш и дали ни треба вакцина за да се „излечиме“?

Лицата заболени од коронавирус остануваат во болница бидејќи им е потребен посебен третман,  кој не може да им се обезбеди дома,  интензивен мониторинг, како и соодветна изолација. Тоа е вистина во секоја ситуација. Болниците имаат ефикасни простории за изолација и обучени кадри кои знаат да се справат со конкретната ситуација.

Штом некое лице се опорави од коронавирус (огромно мнозинство тоа го прават), тие веројатно ќе имаат доживотен имунитет, доколку СОВИД-19 се однесува како другите коронавируси. Дури и луѓето со минимални или без никакви симптоми веројатно ќе развијат имунитет. Ефикасната вакцина ќе обезбеди заштита без да се разболите.

Што се случува со вакцина против коронавирус?

Нормално, за да се тестира и развие една вакцина потребни се 3 до 5 години. Во теорија, вакцина за COVID-19 може да се развие и за 18 месеци, што би било рекорд.

Кој е нашиот генерален совет за тоа како треба да се чувствуваме во овој момент?

Помеѓу малку и умерено вознемирено. Се подготвувавме за катастрофа а очекуваме таа да не се појави. Подгответе се за најлошото, очекувајте го најдоброто. Заштитете се самите себеси и своите најмили. Изолирајте се. Сепак, од сите нас зависи.