fbpx

Неколку работи кои треба да ги знаеме за корона вирусот

Kако можеме да ја поставиме појавата на коронавирусот во контекст со другите епидемии од висок ризик во последната деценија, како Зика или Х1Н1?

Зика не е добра споредба затоа што Зика се шири со каснувања од комарци, а COVID-19 се распространува од човек на човек, откако за прв пат им е пренесено на луѓето преку животно (COVID-19 е многу тесно поврзано со коронавирусот од лилјак, но дали заразата е пренесена првично преку  друго животно на човекот – не се знае)

Инфективноста е опишана со број наречен Основен Репродуктивен Број – R0, („R – нула“). Најдобрата проценка за COVID-19 е дека R0 е околу 2,2, што значи дека е приближно исто инфективно како грип или САРС. Сепак, R0 ви кажува сè што треба да знаете за тоа колку ќе биде алармантна инфекцијата: САРС инфицирала 8000 луѓе во светот, додека во Македонија оваа сезона има 4.316 случаи на сезонски грип. Се чини дека е слично на грипот H1N1, но за разлика од грипот, никој не може да има делумен имунитет, изграден од претходна инфекција или имунизација на грип. COVID-19 е премногу нов.

Како се споредува стапката на морталитет со грипот?

Не е јасно точно какви стапки на смртност се потврдуваат секој ден, но СЗО на 3 март изјави дека е околу 3,4 проценти на глобално ниво, при што постарите лица се изложени на многу поголем ризик.

Во типична сезона на грип, стапката на смртност е околу 0,1%. Во 1918 година, каде грипот Х1Н1 уби 50 милиони луѓе, стапката на смртност е 2,5%.

Дали напорите за изолација се неопходни за ограничување на коронавирусот?

Апсолутно. Во заразна епидемија, службениците за јавно здравје имаат само неколку навистина ефективни алатки. Едната е ефективна вакцина, која сè уште не е достапна за СОВИД-19.  Другата алатка е лекот, доколку има ефективни антивирусни лекови, а за коронавирусот сеуште немаме (испитувањата се во тек). Конечна и најстара алатка е да се држат луѓето подалеку едни од други, односно карантинот и изолацијата.

Дали и колкави количини на храна треба да набавиме во случај на изолација?

Како што видовме од искуството во Дебар, можно е да има прекини во снабдувањето со храна и други добра. Како и да е, купувањето на огромни количини храна, како и паника во супермаркети е многу лоша идеја. Размислете и добро испланирајте залиха на храна и други добра за две недели, но не повеќе. Размислете и за лекови, храна за вашите миленици, батерии и слично.

Дали има некакви диференцирачки симптоми за рано препознавање на короновирусот?

Не, коронавирусот може да започне точно како обична настинка. Симптомите обично започнуваат околу 5 дена по изложеноста, но периодот на инкубација може да трае до 14 дена. Како што е наведено порано, многу случаи немаат никакви симптоми.

Симптоми на тешка болест се треска, кашлица и останување без здив. Ова може да укаже на пневмонија, најопасната форма на болеста која најверојатно ќе ве доведе да побарате хоспитализација. Критичното заболување со COVID-19, особено кај постарите лица, е многу опасно.

Дали вирусот останува активен засекогаш и дали ни треба вакцина за да се „излечиме“?

Лицата заболени од коронавирус остануваат во болница бидејќи им е потребен посебен третман,  кој не може да им се обезбеди дома,  интензивен мониторинг, како и соодветна изолација. Тоа е вистина во секоја ситуација. Болниците имаат ефикасни простории за изолација и обучени кадри кои знаат да се справат со конкретната ситуација.

Штом некое лице се опорави од коронавирус (огромно мнозинство тоа го прават), тие веројатно ќе имаат доживотен имунитет, доколку СОВИД-19 се однесува како другите коронавируси. Дури и луѓето со минимални или без никакви симптоми веројатно ќе развијат имунитет. Ефикасната вакцина ќе обезбеди заштита без да се разболите.

Што се случува со вакцина против коронавирус?

Нормално, за да се тестира и развие една вакцина потребни се 3 до 5 години. Во теорија, вакцина за COVID-19 може да се развие и за 18 месеци, што би било рекорд.

Кој е нашиот генерален совет за тоа како треба да се чувствуваме во овој момент?

Помеѓу малку и умерено вознемирено. Се подготвувавме за катастрофа а очекуваме таа да не се појави. Подгответе се за најлошото, очекувајте го најдоброто. Заштитете се самите себеси и своите најмили. Изолирајте се. Сепак, од сите нас зависи.