fbpx

Колку редовната физичка активност и исхраната влијаат на имунитетот

Имунитетот е способност на човечкиот организам да се брани од инфекции и болести. Имунолошкиот систем е составен од различни клетки, ткива и молекули. Имунолошкиот систем генерално е класифициран на 2 главни „краци“ – неспецифични и адаптивни (специфични и стекнати) – но сите компоненти работат во една синергија и функционираат на високо синхронизиран начин.

Неспецифичните клетки може да реагираат многу брзо, но немаат своја  специфичност (односно ист одговор на сите предизвици), додека адаптивните имааат антигенска специфичност и „ меморија “, но потребен е многу подолг период за да се развијат по првичната изложеност на инфективен агенс, иако брзината и големината на овој систем се зголемува со последователна изложеност на иста инфекција.

Имунолошката функција се менува во текот на целиот животен век, со разлики кои се очигледни во одредени фази. Редовното вежбање, како и навиките во исхраната се важни фактори кои имаат значително влијание врз тоа колку добро имунолошкиот систем реагира на предизвиците во сите фази од животот.

Физичката активност и имунолошкиот систем

Редовната умерена аеробна активност се промовира како стратегија за стимулација на имунулошката функција на организмот, или поедноставно кажано:

  • Физичка активност доведува до побрзо испуштањето на бактериите од белите дробови и дишните патишта. Ова ја намалува можноста да заболите од настинка, грип или друга болест.
  • Покрај ова, вежбањето предизвикува промена и на антителата и белите крвни клетки (клетките на имунолошкиот систем на организмот кои се борат со болести). Овие антитела при вежбање и забрзување на метаболизмот циркулираат побрзо, така што побрзо можат да детектираат инфекција во Вашиот организам и да се борат со нејзе.
  • Краткото покачување на телесната температура за време и веднаш после вежбање може да го спречи ширењето на бактериите. Овој пораст на температурата може да му помогне на телото подобро да се бори против инфекцијата.
  • Покрај сето ова, вежбањето го забавува ослободувањето на хормоните на стрес. Некои од овие хормони ја зголемуваат можноста за заболување. Затоа, помалку хормони на стрес – подобар имунитет.

 

Исхраната и имунолошкиот систем

Исхраната има и директни и индиректни ефекти врз имунитетот. Прекумерната исхрана, односно дебелината доведуваат до веќе познати здравствени исходи како Срцеви заболувања, дијабетес и слично. Меѓутоа,  област што доби ограничено внимание е влијанието на дебелината врз одбранбениот механизам и  ризикот од инфекција. Како и да е, се смета дека вишокот на внес на хранливи материи предизвикува имунолошка дисрегулација, при што дебелината е поврзана со состојба на хронично воспаление на ниско ниво и поголем ризик од развој на инфекции, особено оние на респираторниот тракт. ​​Оттука , зголемената физичка активност може да биде корисна кај по дебелите лица за намалување на тежината, но и поради антиинфламаторните ефекти на вежбање.

Неисхранетоста / неухранетоста се карактеризира со недоволен внес на вкупна енергија и макронутриенти и / или недостатоци во специфични микронутриенти. Неухранетоста е една од водечките причини за имунодефициенција во земјите во развој. Иако неухранетоста е ретка во развиените земји, недостатоците на одредени хранливи материи може да се појават едноставно како резултат на лошите избори во исхраната. Оттука, се чини дека една од најпрагматичните „интервенции“ (а можеби и наједноставната стратегија) за подобрување на  имунитетот и намалување на ризикот од инфекција е да консумирате здрава и урамнотежена храна.

 

Постојат многу фактори кои можат да влијаат на имунитетот и ризикот од инфекција. Редовната физичка активност и навиките во исхраната се важни фактори кои имаат значително влијание врз тоа колку добро имунолошкиот систем реагира на секој предизвик. Затоа, и покрај тоа што сте дома, хранете се умерено и практикувајте физичка активност.