Одлучност, упорност и мотивација – трите клучни работи кои ќе ве водат низ процесот на вежбање, без разлика дали преферирате трчање, возење велосипед или пак, посета на фитнес центар.
Прочитајте ги следните совети како да се мотивирате после долга пауза, или пак сакате да водите здрав и активен живот на долг рок:
- Поставете си јасна цел
- Една од најважните работи кои ќе ве водат е поставување на цел која сакате да ја постигнете. Дали тоа е намалување на 5cm во обем или вежбање секој втор ден, не е важно, се додека целта е остварлива и доволно мотивирачка.
- Дадете си временски рокови
- Временските рокови се одлична алатка за држење до предвидениот термин за вежбање или пак, постигнување на целта за посакуваниот период.
- Евидентирајте го секој напредок
- Послатко е кога ќе ги погледнете забелешките со промени кои настанале од упорниот тренинг од минатиот месец, нели?
- Слушајте ја омилената музика додека вежбате
- Музиката можеби на моменти претставува најголема мотивација кога станува збор „будење“ на енергијата и желбата за физичка активност.
- Вежбајте во друштво и натпреварувајте се
- Без разлика дали тоа е Вашиот партнер или Вашата најдобра пријателка, вежбањето во друштво е секогаш позабавно, а исто така, кога не ви се вежба секогаш ќе има личност која ќе ви го промени ставот. А за натпреварувањата, „будењето“ на натпреварувачкиот дух секогаш е мотивација за вежбање. За таа цел, имаме специјална септемвриска понуда:
- И за крај, после напорното вежбање резервирајте си целосно уживање и опуштање во нашите спа центри со некоја од нашите септемвриски понуди: