Фитнес

Фитнес салата е со дневна светлина, пространа, со висина поголема од стандардната, професионална вентилација, опремена со комплетната и најсовремена програма на TECHNOGYM. PURESTRENGTH, ELEMENT +, GROUP CYCLE, KINESIS, SELECTION MED, EXCITE +, OMNIA … Од просторот на центарот кој е скоро 2500 квадратни метри, фитнес салата е на површина од 1000 метри квадратни со посебни делови за аеробен ( кардио ) тренинг, кружен тренинг, за слободни тежини ( специјално гумиран под ), дел за партер вежби… На секоја тренинг сесија на рецепцијата на центарот добивате клуч од гардероба, мала крпа за тренинг и голема за туширање или две големи, ако сте корисник и на спа услугите. Секоја од гардеробите е опремена со по 120 сандачиња со клуч, со сопствени туш кабини, тоалети, фенови за коса, гелови за туширање во кабините, умивалници, пространи огледала . Човечкото тело е создадено да се движи. Во современиот начин на живот моторната активност е силно намалена. Со фитнес тренинзите се надоместува недостатокот на движење , мускулите стануваат посилни и здрави , телото – постегнато , тонусот – подобар . Ако се двоумите за својата програма за вежбање, контактирајте ги нашите фитнес инструктори.

Тренинзите со нив се гаранција за:
  • разновидни и правилно исполнети вежби
  • усогласување со актуелната состојба на секој што тренира
  • неосетно да се постигнат саканите резултати

Можете да закажете термин за тренинг со инструктор по телефон или лично . И нешто важно – апаратите во салата во Synergy се од серијата на TechnoGym кој е симбол на иновација и постигнување на подобар квалитет на живот. Над 65 000 центри и 100 000 приватни домови во целиот свет уживаат во нивните уреди.
Ве очекуваме! Не одложувајте го денешниот тренинг за утре !
Секогаш ваш Synergy Fitness & Spa Center.