fbpx

Зошто Кардио?

Кардио. За некои поединци е страст, за други само застрашувачки збор. Како и да е, кардиоваскуларниот тренинг е клучна компонента која не смее да биде изоставена од Вашата фитнес програма.
Кардиоваскуларен тренинг е секое движење кое го зголемува срцевиот ритам и циркулацијата на крвта низ телото. Без оглед на формата, секоја кардио вежба доведува до согорување на вишокот калории. Меѓутоа, покрај ова постојат уште низа здравствени придобивки од редовен кардио тренинг.

  • Подобрена работа на срцето
    Срцето е мускул и како и секој друг мускул, треба да се вежба за да стане силно. Со секој кардио тренинг Вие го стимулирате срцето да работи побрзо и доколку ова го правите на редовна основа допринесувате да остане во здрава форма.
  • Забрзан метаболизам
    Покрај забрзувањето на срцевите отчукувања, кардиоваскуларните вежби придонесуваат до забрзување на низа други процеси во Вашето тело, односно Вашиот метаблизам. Забрзан метаболизам значи полесно одржување на саканата форма, односно губење на вишокот килограми, зависно од случајот.
  • Подобрен хормонален профил
    Со секоја кардио вежба се ослободуваат хормони кои го намалуваат апетитот, како и низа “хормони на среќата” (Ендорфин, допамин и серотонин) кои помагаат во олеснувањето на симптомите на депресија и замор.
  • Подобрена способност за опоравување
    Одредени типови на кардио вежби најчесто со поумерен интензитет може да доведат до намалување на времето за опоравување после тренингот. Ако штотуку сте завршиле со тешка сесија, полесна форма на кардио вежба ќе ви помогне да ги отсртаните токсините кои се создаваат при напорен тренинг. Ова ќе помогне да се намали DOMS (одложена појава на болка во мускулите) и ќе доведе крв збогатена со кислород до мускулното ткиво, подобрувајќи ја со тоа регенерацијата и репродукцијата на истите.
    За Вас ова значи дека ќе бидете во можност во поскоро време да продолжите да работите на истите мускулни групи.
  •  Менаџирање на дијабетисот
    Со секоја кардио вежба ја зголемувате способноста на Вашите мускули да ја користат гликозата. Оние кои редовно вежбаат имаат тенденција на подобро контролирање на шеќерите во крв и немаат толку промени во нивото на шеќер во крв за разлика од оние кои не вежбаат.