fbpx

Придобивки од редовната физичка активност

Ако не одвоите време за физичка активност сега, голема е веројатноста дека ќе треба да одвоите време за лекување подоцна.

Редовната физичка активност не само што ја подобрува вашата целокупна благосостојба, туку ја спречува и појавата на многу болести – a понекогаш дури и помага при нивното лекување.

Секој човек, без разлика на возраста, треба редовно да вежба со цел да го подобри квалитетот на сонот, да ја зголеми енергијата и да се чувствува посамоуверено.

Никогаш не е доцна да започнете со вежбање и да го вклучите во вашата дневна рутина, бидејќи неговите предности се многубројни.

Кои се трите главни придобивки од редовната физичка активност?

1. Влијае на вашето расположение и прави да се чувствувате посреќни

Научниците докажуваат дека вежбањето го подобрува расположението и ги намалува чувствата на депресија, анксиозност и стрес. Произведува промени во деловите на мозокот кои го регулираат стресот и анксиозноста. Дополнително, вежбањето може да го зголеми производството на ендорфини, за кои е познато дека помагаат да се создадат позитивни чувства и да се намали перцепцијата на болката.

2. Придонесува кон зголемување на нивото на енеригја

Една постара студија покажа дека 6 недели редовно вежбање го намалува чувството на замор кај 36 луѓе кои пријавиле постојан замор. придобивки за здравјето на срцето и белите дробови од вежбањето. Аеробните вежби го зајакнуваат кардиоваскуларниот систем и го подобруваат здравјето на белите дробови, што може значително да помогне во нивото на енергија.

3. Помага да се опуштите и го подобрува квалитетот на вашиот сон

Редовното вежбање може да ви помогне да се опуштите и подобро да спиете. Покрај тоа, се смета дека зголемувањето на телесната температура што се случува за време на вежбањето го подобрува квалитетот на спиењето со тоа што помага да се намали телесната температура за време на спиењето.

Доколку сте спремни да го подобрите квалитетот на вашето физичко здравје, ве очекуваме на тренинг во Synergy Fitness & Spa!