Во текот на летниот период сите ние се обидуваме да практикуваме некоја физичка активност, но понекогаш забораваме на една подеднакво важна активност која носи голем број на придобивки за нашето здравје, а тоа е редовната посета на Спа центар, односно масажите.
Bo последно време, приоритизацијата на здравјето и велнесот стануваат актуелен и растечки тренд за повеќето од нас. Поради тоа, се зголемува и побарувачката за масажите кои се одличен начин за намалување на стресот и тензијата, или пак, поради здравствени причини. Доколку во последно време пројавувате интерес за тоа како може да го подобрите Вашето здравје, тимот на Synergy Fitness and Spa за Вас издвојува три типови на масажи кои ќе ви дадат загарантирано подобрување на вашето тело.
Спортска масажа
Спортската масажа може да се применува пред и после тренинг, но исто така и за рехабилитација од повреди. Истата масажа е наменета за сите оние кои сакаат да ја подобрат својата сила, издржливост и брзина, а воедно се смета за најдобар начин за закрепнување на мускулите, без разлика дали сте професионални спортисти или рекреативци.
Бенефитите од имплементирањето на спортска масажа вклучуваат:
- Зголемена флексибилност
- Отстранување на токсините
- Намалена мускулна напнатост
- Намалени грчеви во мускулите
- Подобар сон
Медицинска масажа
Meдицинската масажа има за цел да му помогне на организмот да функционира правилно преку стимулирање на циркулацијата. Во денешно време сме изложени на многу стресни фактори, но правилно применетата медицинска масажа помага во намалувањето на стресот, а покрај тоа може да помогне во решавање на други здравствени проблеми.
Бенефитите од имплементирањето на медицинска масажа вклучуваат:
- Намален крвен притисок
- Оптимизирање на тонусот на мускулатурата
- Олеснета подвижност на зглобовите
- Ослободување на стрес
Aко копнеете да се чувствувате опуштено, освежено и смирено, тогаш ви препорачуваме:
Релакс масажа
Главната цел на релакс масажата е да ве релаксира, и е вистинскиот избор доколку на Вашето тело му е потребно опуштање. Со помош на оваа масажа, вашата кожа ја добива магијата на свиленкаст сјај, а телото добива целосно продлабочување на физичката и менталната благосостојба.
Бенефитите од имплементирањето на релакс масажа вклучуваат:
- Ослободување од стрес
- Подобрување на циркулацијата
- Намалување на болките
Како и секогаш Synergy Fitness and Spa се грижи вас, и поради тоа овој месец ви подготвивме специјални понуди на горенаведените масажи по промотивна цени, и тоа:
- Пакет релакс масажа + спортска масажа по цена од 2.200 мкд
- Пакет медицинска масажа + спортска масажа по цена од 2.400 мкд
- Пакет од 10 медицински масажи по цена од 9.000 мкд
Грижете се за Вас и Вашето здравје!