fbpx

Релакс

Релакс масажата е вистински избор доколку на Вашето тело му е потребно опуштање.Покрај тоа,оваа масажа благотворно делува на намалување на болките и ослободување од стресот,истовремено подобрувајќи ја цикулацијата и враќајќи ја позитивната енергија.

Кожата ја добива магијата на свиленкастиот сјај,а телото добива целосно продлабочување на физичката и менталната благосостојба.

Релакс масажата се препорачува за чувство на опуштеност,освеженост и смиреност.

25 минути = 800мкд

50 минути = 1.200 мкд

Пакет од 5 релакс масажи = 4.800мкд

Пакет од 8 релакс масажи = 6.720мкд

Спортска

Спортската масажа е наменета за сите оние кои се обидуваат да ја подобрат својата сила,издржливост,еластичност и брзина.

Со длабоки и динамични движења,се опушта вашето тело,а истовремено се зајакнуваат парцијалните делови на кои се изведува масажата.

Спортската масажа е  добра за  лица со повреди,хронични болки или ограничен опсег на движења,придонесувајќи за опуштање на мускулите,тетивите и лигаментите,резултирајќи со благопријатно физичко и психичко дејство на телото.

Спортската масажа е најдобар начин да се забрза закрепнувањето на мускулите после добар тренинг,без разлика дали сте професионални спортисти или рекреативци.

25 минути = 1.300мкд

50 минути = 1.800мкд

Пакет од 5 спортски масажи = 7.200мкд

Пакет од 8 спортски масажи = 8.400мкд

Медицинска

Техниките на медицинската масажа и нивниот начин на користење од страна на стручниот терапевт зависат од возраста на пациентот ,неговата психофизичка состојба,тегобите кои ги има,како и од регијата на телото на која се применува масажата.

Со медицинската масажа се стимулира циркулацијата, а со тоа се намалува крвниот притисок и се враќа тонусот на мускулатурата на оптимлно ниво.

Како резултат на севкупниот ефект од медицинската масажа е и олеснувањето и подвижноста на зглобовите.Притоа ослободувањето од стресот е уште еден бенефит кој го нуди оваа масажа со нејзиното стимулативно дејство врз нервниот систем.

50 минути = 1.400мкд

Пакет од 10 медицински масажи = 9.000 мкд

Спа

Одличен начин да заборавите на стресот и акумулираниот замор од работниот ден . Место за опуштање и смирување. Сауната е идеална вежба за срцето , парната бања зрачи топлина околу 45 ° С при влажност на воздухот блиску до 100% – најдобри услови за регенерација, инфрацрвената сауна помага при регенерација на сврзните ткива и е идеална за спортисти ( за мускулниот и коскениот систем).

  • Финска сауна
  • Инфрацрвена сауна
  • Парна бања
  • Релакс зона
  • Финска кофа со ладна вода

Антицелулитна

Целулитот претставува акумулација на течности и маснотии во најдлабокиот слој на кожата.Иако обично се смета за естетски проблем , доколку не се лекува на време и на соодветен начин,целулитот може да стане здравствен проблем.

Антицелилитната масажа се разликува од класичната масажа во специфичните движења.

По антицелулитниот третман,кожата станува помазна и поцврста.

Со цел да се постигнат долгорочни резултати,се препорачува редовна масажа.

Антицелулитната масажа во комбинација со правилна исхрана и редовно вежбање,е најдобрата формула за отстранување на целулитот.