Dry Needling претставува ефикасна медицинска метода која се користи за третирање на мускулна болка преку стимулирање на нервите во мускулите и меките ткива со акупунктурни игли, со што се намалува болката, се намалува воспалението, се подобрува мобилноста и се зголемува функционалноста на зглобовите.
Цена:
1 третман = 1300 мкд.
Пакет од 5 третмани = 6000 мкд.
Пакет од 10 третмани = 12000 мкд.
Endospheres® е третман со кој со пријатна масажа, без никаква болка, целулитот се топи, мускулниот тонус се подобрува, а обемот во сантиметри на колковите и задникот се намалува.
Ендосферата врши длабока масажа на ткивата која има 5 главни придобивки:
Дренира;
Ја подобрува циркулацијата на крвта;
Анестезира и реструктуира;
Ја измазнува површината на кожата;
Го зголемува тонусот на мускулите.
Потребни се 12 третмани за да го воочите вистинскиот резултат кој го нуди Ендосферата. Ефектите од третманите се задржуваат најмалку 6 месеци по завршување на истите.
Третманите се прават на растојание од 72 часа.
За овој третман потребно е да се пополни формулар на согласност кој треба да се потпише пред започнување со третамнот.
Мадеротерапијата се заснова на повторливи движења кои сеизведуваат со дрвени инструменти. Овие внимателно изработени дрвени инструменти можат да извршат притисок врз проблематичните области и како резултат на тоа, масните наслаги и фиброзниот целулит се распаѓаат и се исфрлаат со другите токсини.
Лимфната дренажа е посебна техника на масажа сo чија помош се врши елиминација на вишокот екстрацелуларни течности и штетни метаболички продукти. Со лесните мануелни движења се овозможува деблокада на лимфните канали и крвни садови, што доведува до природен проток на лимфата од периферните делови на телото со што се намалува отокот и болките предизвикани од преголемата количина на лимфа и матеболити во телото.
Лимфна дренажа на цело тело = 1.000мкд
Лимфна дренажа (парцијална) = 550мкд
Пакет од 10 = 5.000мкд
Киропрактиката претставува манипулација односно движење кои ги доведува зглобовите во оптимална положба и на тој начин ги отстранува механичките пречки во локомоторниот состав.