Да, можете да се ослободите од целутот доколку сте упорни и следите неколку битни правила:
1. НАЈПРВО, ОТСТРАНЕТЕ ГО ШЕЌЕРОТ ОД ВАШАТА ИСХРАНА
Шеќерот кој го има во тестенините, разните видови на десерти, чоколади, сокови, газирани пијалоци, алкохолот и слично е најголем непријател на Вашите очи , забите, крвните садови, панкреасот и секако – изгледот на Вашите нозе и бутини. Шеќерот е еден од главните причинители на целулитот.
2. ТРЧАЈТЕ!
Трчањето е сепак најдобрата вежба за тонирање на Вашите нозе. Само не заборавајте да одберете добар пар патики за трчање и никогаш не трчајте на бетон. Трчањето на бетон е извор на многу спортски повреди. Уште ако имате доволно кондиција за интервален високо интензивен тренинг, уште подобро. Практикувајте го ова често.
3. СОКОВИ ОД ЗЕЛЕНЧУК И БОБИНКИ
Соковите од зеленчук и бобинки содржат високо концетрирани растителни влакна и минимален процент на калории. Полифенолот и каротеноидите кои ги содржат овие сокови имаат повеќе антицелулитни својства. Затоа секогаш оваа категорија на храна нека ви биде прв избор.
4. ВНЕСУВАЈТЕ ПРОТЕИНИ!
Вашата кожа е составена главно од протеини. Колагенот, кој ја прави вашата кожа цврста, и еластинот, што ја прави вашата кожа еластична, се протеини. Ако избегнувате да внесувате протеини затоа што мислите дека (на пример) месото е лош за вас, нема да имате доволно протеини за да ја опоравите и да ја зацврстите вашата кожа.
5. ИНТЕНЗИВНИ АНТИЦЕЛУЛИТНИ МАСАЖИ
Можете да одвоите 4о минути за антицелулитна масажа каде со помош на повеќе интензивни движења и притисок се доведува до зголемување на циркулацијата на и сузбивање на фибриозното ткиво, и двата важни аспекти за отстранување на целулитот.
6. ТОПОЛ & ЛАДЕН ТУШ
Контрасен туш, односно наизменично туширање со топла и ладна вода на засегнатите делови доведува до значително забрзување на циркулацијата и метаболизмот. Обидете се!
Во принцип , комбинацијата од соодветна исхрана (исхрана која вклучува ниска масленост, ниско ниво на јагленихидрати, висок процент на чисти протеини и зеленчук), секојдневната физичка активност и интензивните антицелулитни масажи ќе Ви помогнат да го постигнете посакуваниот изглед на Вашето тело.