Што е акупунктурата?
Акупунктурата вклучува вметнување на тенки игли низ Вашата кожа во некои точки на Вашето тело. Таа најчесто се практикува за лекување болки, но исто така се користи за целокупна благосостојба, како и за управување со стресот.
Традиционалната кинеска медицина ја објаснува акупунктурата како техника за балансирање на протокот на енергија или животна сила – позната како чи или qi – за која се верува дека тече низ некои патишта во Вашето тело. Со внесување игли во одредени точки долж овие патишта Вашиот проток на енергија ќе одржува баланс.
Акупунктурата се користи главно за ублажување на непријатност поврзана со различни болести и состојби. Современите истражувања докажуваат ефекти на акупунктурата врз нервниот систем, ендокриниот и имунолошкиот систем, кардиоваскуларниот и дигестивниот систем. Со стимулирање на различните системи на телото, акупунктурата може да помогне во процесот при решавање на болката, подобрувајќи го спиењето, дигестивната функција и чувството на благосостојба.
Стотици клинички студии за придобивките од акупунктурата покажуваат дека успешно ги третира состојбите кои се движат од мускулно-скелетни проблеми (болки во грбот, болки во вратот и други) до гадење, мигрени, анксионзност и депресија, алергии, несоница и хипертензија.
Кои се придобивките од акупунктурата?
Ако размислувате за акупунктура за прв пат во продолжение ќе наведеме неколку од здравствените придобивки што може да ги уживате ако примате третман за акупунктура:
- Акупунктурата го намалува стресот
- Намалена болка во грбот и зглобовите
- Олеснување на главоболка
- Подобрен вид
- Подобар сон
- Помага при алергии
- Го контролира крвниот притисок
- Ја зголемува енергијата
- Ги намалува дигестивните проблеми
Доколку сте заинтересирани и сакате да ги искусите бенефитите на акупунктурата, закажете го вашиот термин во Synergy Fitness & Spa и заборавете на болките! 😊