fbpx

Зошто групното вежбање е одличен почеток за почетници?

Воведување на фитнес рутина во вашето секојдневие може да биде голем предизвик.

Ако не сте редовен клиент во теретана, одењето за прв пат може да биде застрашувачко.

Но, започнување фитнес во група за прв пат можеби е и подобра опција. На тој начин добивате инструкции, мотивација и другарство што можеби ќе ви треба за да започнете.

Еве неколку причини зошто придружувањето на групнo вежбање може да биде вистинско за вас:

1.Добивате професионални фитнес инструкции

Сертифицираните лични тренери можат да дадат одлични упатства за формата, интензитетот на тренингот и поставувањето цели. Тие можат да ви помогнат да се запознаете со опциите за вежбање кои се најдобри за вас и да се осигурате дека ќе добиете резултати од целата ваша напорна работа.

2.Mотивација во група

Тимската работа и другарството се големи причини зошто групното вежбање е исклучително популарно. Охрабрувањето дека „сите сме во ова заедно“ е моќна движечка сила и можеби ќе бидете изненадени од тоа колку ве мотивира.

3.Добивате инспирација од другите

Погледнете наоколу во другите и сфатете дека многу од нив биле во истата точка како вие во моментот. Знајте дека ако се придржувате до вашата рутина, можете да го достигнете нивното фитнес ниво. Луѓето околу вас имаат различни приказни, одвојте време да ги ислушате како ги постигнале целите.

4.Шанса да запознаете нови луѓе

Редовното одење во теретана е полесно кога имате партнер за вежбање, а групниот тренинг е одличен начин да запознаете луѓе кои имаат слични фитнес цели. Секоја фитнес теретана е одлично место за здрава дружба.

5.Групното вежбање е позабавно

Да не го заборавиме овој важен аспект. Кога правите некоја вежба погрешно, некој од групата или инструкторот се овде да ве исправат. Најдоброто искуството во групното вежбање  е тоа дека размислувате позитивно на фактот дека согорувате калории и се потите побрзо отколку сами да вежбате.