fbpx

Кое е најдоброто време за летни тренинзи?

Летото носи со себе подолги денови и потопли температури, па така вклопувањето на вашите тренизи станува потешко. Вежбањето во текот на летото води до прекумерно потење што доведува до губење на  9 до 10 проценти од водата во вашето тело. Се прашувате дали е подобро да вежбате наутро или навечер? Одговорот е – нема правилно време. Само треба да го слушате вашето тело. Дали вашето тело подобро функционира по станувањето од спиење или пред да легнете да спиете? 

Позитивната страна на тренинзите наутро е тоа што може да бидат попријатни, бидејќи времето е поладно. Започнувањето на денот со вежбање може да го поттикне вашиот метаболизам, да го подобри менталниот фокус и да помогне во воспоставување конзистентна рутина. Ако го започнете денот со вежбање, ќе се чувствувате свежо и енергично во остатокот од денот. Сепак, за некои луѓе раното будењето може да биде предизвик, а телото може се уште да не е добро разбудено и спремно, барајќи подолго загревање. 

Вежбањето навечер исто така има позитивни страни, како подобрување на спиењето. Исто така, тоа е одличен начин да се ослободите од стресот по долг ден и нуди поголема флексибилност ако утрата се зафатени. Заграните мускули пак, го намалуваат ризикот од повреди за време на вечерните сесии. Сепак, на некои луѓе вежбањето навечер им го нарушува сонот. За да не се случи тоа, вежбајте барем два часа пред да легнете да спиете. 

 На крајот на краиштата, најдоброто време за летни тренинзи зависи од вашите лични преференции, распоред и како реагира вашето тело. Пробајте да вежбате во различни времиња за да откриете што е најдобро за вас, останете хидрирани и заштитете се од сонцето. Без разлика дали сте ранобудник или претпочитате да вежбате на вечер, клучот е да останете активни и безбедни.