Силата на жената не е прашање, туку факт кој општеството безусловно го очекува.
Жената знае како суптилно да го носи целиот товар и болка на семејството и блиските, воедно да го освојува светот, додека попатно ги поминува сите пречки кои историјата и општеството и ги поставиле.
Меѓутоа, навистина силна е онаа која наоѓа рамнотежа, мир и слобода на своето животно патување, а сето ова започнува со грижата за себе како мајка, сопруга, ќерка, сестра, шефица ….
- Приоритизирајте го квалитетниот сон
Спиењето од 7 до 9 часа секоја ноќ е основа за регулирање на хормоните и управување со стресот. За подобар одмор, исклучете ги сите екрани (телефон, ТВ) барем еден час пред спиење и обидете се да се будите во исто време секој ден, дури и за викенди. - Поставете здрави граници и научете да велите „НЕ“
Многу жени често ги ставаат туѓите потреби пред своите (природен инстикт на жената), што води до прегорување (burnout). Вежбајте да кажувате „не“ на дополнителни обврски без чувство на вина за да ја зачувате вашата енергија и време за лични приоритети. - Хранете го телото свесно
Наместо строги диети, фокусирајте се на балансирани оброци со многу овошје, зеленчук, протеини и здрави масти. Пијте доволно вода (околу 2-3 литри на ден) и внимавајте на внесот на кофеин и алкохол. - Воведете моменти на физичка активност
Доколку сега за прв пат одлучувате да започнете со физичка активност, немора веднаш да поминувате часови во фитнес клуб, едноставно започнете со 10-15 минути пешачење до одредена дестинација. Најчесто групните активности за жени (аеробик, пилатес) се доста стимулативни за почетници. Што и да одлучите, останете доследни на својата одлука. - Негувајте ја вашата креативност и социјални врски
Одвојте време за хоби кое ве исполнува — сликање, готвење нов рецепт или читање книга. Истовремено, поврзувајте се со луѓе кои ве поддржуваат и инспирираат; квалитетното време со пријателите може да го намали нивото на анксиозност за 50%