Ова се црни денови за сите фитнес приврзаници.
Меѓутоа, одржувањето на фитнес рутина во оваа криза е премногу важно. Анксиозноста и неизвесноста се најдобри пријатели на стресот, а стресот, како што знаеме, си има свои последици. Наша должност е да практикуваме социјална изолација во текот на следните неколку недели,но не можеме само да седиме, јадеме, 24 часа да пратиме вести и да дозволиме негативната енергија да не надвладее. Напротив, мора да ги одржуваме нашите редовни фитнес рутини, не само заради борбата со стресот, туку и да спречиме губење на интензитетот. Секој што се грижи за својата физичка подготвеност со нјамала инвестиција може да ги има следниве парчиња опрема дома:
- Еднорачни тегови – кои се движат во тежина од три килограми до колку и да можете да подигнете над глава со една рака.
- Јаже за скокање – Дури и во изолација, мора да работите на Вашето кардио.
- Resistance bands – од најмалку две различни нивоа на отпор. Oдлични се за основни вежби за мобилност.
- Kettlebell (и). Најмалку една тежина, тежината одредете ја во зависност од вашите вештини и искуство.
- Систем за суспензија – убаво е да се има. Системите за суспензија како TRX се преносни и дозволуваат најразновидни тренинзи.
Меѓутоа, и без опрема, доволно е само да бидете креативни. Има голем број на вежби за целото тело кои можете да ги изведувате само со сопствена тежина.
И секако, доколку имате деца – инволвирајте ги и нив во секојдневната тренинг рутина. Децата сакаат да Ве повторуваат, а од друга страна, Вашиот тренинг го претворате во забава за целото семејство