Започнавте програма за вежбање за да се вратите во форма и да живеете поздрав начин на живот? Рутината за вежбање може да ви одзема време – но без разлика каков тип на вежбање ќе изберете или колку сте зафатени, од клучно значење е да не го прескокнете загревањето пред тренингот или истегнувањето потоа.
Загревањето и истегнувањето вклучуваат вежбање со помал интензитет и побавно темпо, што ги подобрува вашите атлетски перформанси, спречува повреди и помага при закрепнување од вежбање.
Придобивките од загревањето
1. Подобрен проток на крв
Загревањето 10 минути пред вежбање го подобрува протокот на крв во вашите скелетни мускули и ги отвора крвните капилари. Крвта го носи кислородот потребен за функционирање на вашите мускули, така што зголемувањето на протокот на крв е една од најдобрите работи што можете да ги направите за да ги подготвите вашите мускули за вежбање.
2. Подобрена ефикасност на кислородот
Кога правите вежби за загревање, кислородот се ослободува од вашата крв полесно и на повисоки температури. Вашите мускули бараат поголеми количини на кислород додека вежбате, па затоа е важно да го направите кислородот подостапен преку одредени вежби за загревање.
3. Превенција од повреди
Загревањето го намалува рузикот од повреди, помага во опуштање на зглобовите и подобрување на протокот на крв во мускулите. Исто така помага да се подготват вашите мускули за физичките активности што треба да ги извршите.
Придобивките од истегнување
1. Закрепнување
По интензивно вежбање, млечната киселина се акумулира во вашиот систем и потребно е време за вашето тело да ја исчисти. Вежбите за истегнување можат да помогнат во овој процес на ослободување и отстранување на млечната киселина, помагајќи да се забрза закрепнувањето на вашето тело после тренинг.
2. Намалување на DOMS (одложен почеток на мускулна болка)
Иако по вежбањето треба да се очекува болка во мускулите, значителна количина на DOMS можеда е непријатна и да ве спречи да вежбате во иднина. Истегнувањето после вежбање помага да се ублажи прекумерната болка во мускулите, со што ќе му дозволите на вашето тело да биде подготвено за следниот тренинг.
Што може да се случи ако не се загревате пред или истегнувате по вежбањето, правилно?
– Зголемен ризик од повреда
– Згрутчување на крвта
– Зголемен стрес на кардиоваскуларниот систем
Затоа не заборавајте да се загреете и истегнете пред и после вашиот тренинг во теретана!
Ве очекуваме во Synergy!