fbpx

Подготви се за летната сезона заедно со Synergy

Без разлика дали се работи за зацврстување и влегување во форма за летната сезона, или за слабеење, секој посакува брзи резултати.

Па затоа, доколку сакаш да постигнеш некоја цел, постојат две работи кои ќе ти помогнат во нејзиното остварување, а тоа се мотивацијата и дисциплината. Но не заборавај, сите активности на човекот започнуваат со мотивација.

Дали си задоволен со начинот на кој изгледа твоето тело во моментот?
Ако сметаш дека има простор за подобрување, Synergy може да ти помогне во тоа, но секако, во продолжение посочуваме совети за едноставни навики кои ќе ти помогнат да се подготвиш за летната сезона, да ја подобриш самодовербата и да се чувствуваш подобро. Дали си подготвен? 🥳

Навика 1: Планираj однапред

Главната причина поради која луѓето не остануваат во форма долго време e недостатокот од планирање на секојдневниот распоред. Затоа почни однапред да планираш и најди доволно време да се грижиш за твоето тело, за ова лето да бидеш во твојата најдобра форма.

Навика 2: Број ги калориите кои ги внесуваш

Ако не знаеш колку калории имаш внесено и колку калории твоето тело потрошило со физичката активност, не можеш прецизно да го следиш напредокот кој го постигнуваш. Затоа се што треба да направиш е да земеш една тетратка и да започнеш да ги броиш калориите кои си ги внел со јадење и кои си ги потрошил со вежбање!

Навика 3: Промени ја рутината

Ако ја следиш истата рутина на вежбање постојано, ќе постигнеш многу помалку отколку што е способно твоето тело. Не само поради тоа што телото се навикнува на одредени активности кои се повторуваат и троши помалку калории, туку и поради тоа што ќе ти здосади да ги правиш истите вежби постојано.
Вистински убиец на мотивацијата, верувај ни!

Навика 4: Стани рано наутро и појди на тренинг во теретана

Луѓето кои стануваат рано наутро, успеаваат да завршат повеќе работи во текот на денот, отколку тие што остануваат подолго во кревет. Станувањето рано ти овозможува повеќе време за сите активности кои ги имаш во текот на денот.

Вежбај, храни се здраво и биди најдобрата верзија од себе, подготвувајки се за летото што следи!

Те очекуваме на тренинг во Synergy Fitness & Spa!