fbpx

Здрави начини за релаксација после тренинг

По интензивен тренинг, телото не само што заслужува, туку и има потреба од соодветна релаксација. Тоа не е само начин да се чувствувате добро, туку е битно и за обновувањето на мускулите, подобрување на резултатите и спречување на повреди.  

Кога тренираме, телото вложува голем напор, мускулите се напрегаат и им треба време за да се опорават. За да се вратиме во форма за следниот тренинг, важно е да си дадеме време за релаксација. Само така ќе бидеме свежи и спремни да се соочиме со нови предизвици. 

Неколку здрави начини за релаксација:

Масажа 

Масажата е еден од најдобрите начини да го опуштите вашето тело по интензивен тренинг. Таа ја ослободува напнатоста и згрченост на мускулите, ја подобрува циркулацијата и го намалува воспалението. Покрај физичките придобивки, масажата има и психолошки ефект. Го намалува стресот и создава чувство на длабока релаксација. Размислете за редовно вклучување на масажа во вашата пост-тренинг рутина, особено ако сте активно вклучени во високо интензивни тренинзи. 

 Сауна 

Сауната е уште еден одличен метод за релаксација, кој  го забрзува процесот на обновување на телото. Сувата топлина во сауна помага во отстранување на токсините преку потење, а исто така ја подобрува циркулацијата и го релаксира мускулното ткиво. Ова е особено корисно по тренинг, кога мускулите се напрегнати и им треба дополнителна помош за да се опорават. Дури и само 10-15 минути поминати во сауна може да направат голема разлика. Како бонус на ова, топлината исто така може да ви помогне да согорите малку маснотии.  

 Активна релаксација со пилатес или јога 

Иако може да изгледа контрапродуктивно, 10 минутна активна релаксација преку активности како Пилатес или јога е многу корисна по тренинг. Овие форми на вежбање ја опуштаат мускулатурата, ја подобруваат флексибилноста и го намалуваат стресот. Пилатесот и јогата се фокусираат на контролирано движење и дишење, што помага во балансирање на телото и умот, така што вашиот ум, мисли и тело ќе бидат во хармонија.  Вклучување на овие активности во фитнес рутината може да помогне во подобрување и на физичката и на психичката благосостојба. 

Туш со ладна вода 

Туширањето со ладна вода е ефикасен начин за закрепнување по тренинг. Ладната вода ги намалува воспаленијата, го стимулира циркуларниот систем и го намалува заморот. Освен тоа, тушот со ладна вода ќе ве освежи и ќе ви даде енергија.  Ова е особено корисно по Кардио тренинзи или други интензивни активности кои го загреваат телото.  

 За оние кои сакаат екстра доза на освежување, финската кофа со ладна вода е одличен избор. Овој  метод подразбира брзо излевање на кофа полна со ледена вода врз телото, што дополнително го стимулира циркуларнииот систем и создава интензивно чувство на разбуденост и свежина. Комбинацијата на туш со ладна вода и финска кофа е одличен начин да го завршите тренингот и да се подготвите за остатокот од денот. 

Релаксацијата по тренинг не треба да биде занемарена. Без разлика дали ќе изберете масажа, сауна, активна релаксација со Пилатес или јога, или освежувачки туш со ладна вода, важно е на вашето тело и ум да им го дадете времето и вниманието што го заслужуваат за целосно обновување. Со овие практики во вашата рутина, не само што ќе ги подобрите фитнес резултатите, туку и здравјето и благосостојбата.