fbpx

Како да се ослободите од стресот

Вежбањето во било која форма и тоа како влијае на ефикасноста за вашиот организам да се бори со акумулираниот стрес. Секоја физичка активност може да Ве оддалечи од секојдневните грижи , а воедно да го зголеми лачењето на ендорфинот (хормонот на среќата).

И иако сите знаеме дека вежбањето е многу битно за нашето тело, премногу сме зафатени и под стрес за да го вметнеме во секојдневната рутина.

Вежбањето ја зголемува вашата целокупна здравствена состојба и вашето чувство за благосостојба. Но, вежбањето има и некои директни придобивки за намалување на стресот:

Го зголемува ослободувањето на ендорфинот

Физичката активност може да помогне да се зголеми производството на невротрансмитери на вашиот мозок, наречени ендорфини. Притоа, секоја аеробна физичка активност  (како на пример играње тенис или планинарење во природа) допринесува да се стимулира лачењето на ендорфинот.

Медитација во движење

По една долга прошетка во природа, трчање или неколку круга пливање во базенот, честопати може да откриете дека сте заборавиле на иритациите од денот и сте се концентрирале само на движењата на вашето тело.

Како што почнувате редовно да ги ослободувате дневните тензии преку движење и физичка активност, може да откриете дека ова фокусирање на една задача , како и енергијата и оптимизмот што произлегуваат од истото, можат да ви помогнат да останете смирени и фокусирани во сè што правите.

Го подобрува вашето расположение

Редовното вежбање може да ја зголеми самодовербата, да го подобри вашето расположение, да ви помогне да се опуштите и да ги намали симптомите на блага депресија и анксиозност. Вежбањето може да го подобри и вашиот сон, кој често е нарушен од стрес, депресија и анксиозност. Сите овие придобивки од вежбањето можат да го намалат нивото на стрес и да ви дадат чувство на команда над вашето тело и вашиот живот.

Како да започнете?

Доколку подолго време, или пак никогаш не сте вежбале, најпрво консултирајте се со Вашиот доктор.

-Одете пред да трчате, односно постепено надградувајте го Вашето фитнес ниво, без преголеми очекувања на почетокот.

За повеќете здрави возрасни лица се препорачува 150 минути умерена аеробна активност неделно, односно 75 минути интензивна аеробна активност неделно (или пак комбинација од двете). Поголем обем на физичка активност секако дека ќе допринесе до уште поголеми здравствени придобивки.

-Правете го тоа што го сакате. Речиси секоја форма на физичка активност може да го зголеми нивото на вашето фитнес искуство додека пропорционално го намалува стресот. Најважно е да изберете активност во која уживате.

-За да почнете и да останете лојални на Вашата основна цел – вежбањето, поставете си помали специфични, мерливи, остварливи, релевантни и временски ограничени цели.