Со цел да си го подобрите квалитетот на животот кој што го живеете, здравјето и благосостојбата, потребни се низа подобрувања и придржувања до некои правила кои со текот на времето треба да станат Ваш начин на живот. Преку одржување на здрави навики и избегнување на помислата за откажување, можете да ја постигнете посакувана цел.
Еве неколку основни совети за одржување на здравјето и подобрување на квалитетот на животот:
Оптимална хидратација
- За оптимална хидратација на организмот потребно е да внесуваат доволно течности, пред се вода, најмалку 8 чаши дневно. Така ќе имате повеќе енергија, а кожата ќе Ви биде повеќе еластична и поздрава.
Квалитетен сон е половина здравје
- Долгочасовниот сон не Ви е доволен? Освен вечерниот сон, секојдневно мора да си дозволите барем 30 минутен квалитетет одмор од тековните обврски. На тој начин, Вашиот вечерен сон ќе биде квалитетен и ефективен.
Избегнување на пушење, алкохол и други штетни материи
- Ризикот од кардиоваскуларни и мозочни заболувања значително се зголемува кај пушачите, а редовното консумирање на алкохол предизвикува зависност, депресија и анксиозност, висок крвен притисок и заболувања на црниот дроб. Обидете се максимално да ја избегнувате редовната консумација на овие штетници.
Храна и свежи сокови
- Изборот на храна и начинот на внесување во организмот е од голема важност за здрав начин на живот. Исто така обидете се да внесувате свежо цедени сокови, наместо купечки.
Правилен избор на опкружување
- Изберете го Вашето опкружување, изберете ги вистинските луѓе покрај себе. Навиките и енергиите на луѓето со кои го делиме нашето секојдневие стануваат дел од нас и нашето секојдневие, па токму поради тоа направете го вистинскиот избор.
3 часа без телефон
- Обидете се да одвоите барем 3 часа од Вашето секојдневие каде што нема да имате допир со Вашиот телефон. Реалноста е многу поважна.
Активен животен стил
- Активниот начин на живот секогаш придонесува кон подобрување на квалитетот на животот, зголемување на издржливост и флексибилност, подобрување на благосостојбата. Поради тоа, потрудете се да имате квалитетен живот.
Редовна физичка активност
- Физичката активност освен што е помагало за контролирање и намалување на телесната тежина, помага во намалување на ризикот при срцеви и малигни заболувања, го подобрува менталното здравје и и зголемува шансите за поквалитетен живот.
Подобрете го Вашиот квалитет на живот и започнете со промени за постигнување на посакуваната цел.
Овој Black Friday искористете ги промоциите:
-
3 месеци Фитнес и спа по цена од 7.500 денари.
-
Пакет од 10 медицински масажи по цена од 7.000 денари.
Количините се ограничени. Важи само за онлајн уплати.