fbpx

3 придобивки од пилатес

Пилатесот е метод на вежбање кој ја балансира силата со мобилноста, ја подобрува координацијата на телото и ги зајакнува подлабоките мускули на торзото. Трите придобивки од вежбањето на пилатес се: 

1. Го зацврстува торзото

Пилатесот е познат по својот акцент на торзото, односно мускулите на јадрото – центарот на телото од кој произлегуваат сите движења. Со пилатес вежбите се подобрува силата и функцијата на овие мускули, чијашто јачина е клучен фактор за намалување на болките во грбот и колковите.

2. Ја подобрува рамнотежата 

 Рамнотежата е важна на која било возраст и неопходна за секојдневните активности кои вклучуваат координација, како што е одење или кое било од нелинеарните движења во животот, како што се подигање и вртење. Пилатесот ја подобрува рамнотежата не само преку зајакнување на торзото, туку и поради неговиот фокус на координацијата на целото тело. 

3. Го зајакнува имунитетот 

Искуството покажува дека пилатесот помага во зајакнување на функционирањето на имунолошкиот систем, особено кај постарите возрасни лица. Иако многу истражувања се направени на постари возрасни лица, овие наоди сугерираат дека со редовно практикување на пилатес вежби, луѓе од сите возрасти може да го зацврстат имунитетот, како резултат на подобрената циркулација.  

Ве очекуваме на тренинг во Synergy!