fbpx

Power Vinyasa Yoga

Power Vinyasa Yoga е моќна, енергична форма на јога, каде што учениците течно се движат од една до друга поза, додека нивното дишење е поврзано со нивните движења. Овој тип на јога е енергична и ревитализирачка форма на физичка кондиција. Таа вклучува сила, флексибилност, рамнотежа, кардио и физичка и ментална издржливост во една сесија. Барон Батист, основачот на оваа форма на јога, ја опишува оваа практика како “совршена комбинација на пот и спокојство”.