Акупунктурa

Акупунктурата е западна медицинска метода која се користи за намалување на болката преку стимулирање на нервите во мускулите и меките ткива со игли, што доведува до ослободување на хормонот ендофрин и други неврформонски фактори кои доведуваат до чувство на болка, го намалува воспалението, ја намалува мускулната вкочанетост и ја подобрува мобилноста на зглобовите.

Акупресура

Акупресура е кинеска традиционална техника со која што се регулира дисбалансот на мередијаните со помош на притисок на одредени точки на телото. Се користи за ублажување на болката, регулирање на телесната енергија и одржување на општата состојба на организмот.

Антицелулитна

Антицелулитната масажа е масажа со посебна техника со која се овозможува ослободување на наталожениот целулит и помага во негово елиминирање.

Релаксациона

Релаксационата масажа претставува склоп на различни техники.  Се работи со цел да се овозможи физичко и психичко опуштање, баланс на духот и телото. Ослободување од токсини, подобрување на циркулацијата, го подобрува тонусот на кожата и мускулите. 

Медицинска

Медицинската масажа и акупресурата претставува пресофлексотерапија која се темели на стимулирање на механорецепторите. Се применува со цел да се отстрани болката, спазмот или грчевите во мускулите.

Спортска

Спортската масажа е наменета за подобрување на издржливоста и еластичноста.Со длабоки и динамични движења, се опушта телото,истовремено се јакнат парцијалните делови на кои се прави масажата. Спортската масажа е добра за луѓе со повреди, хронични болки или ограничен опсег на движења.

Лимфна дренажа

Мануелна лимфна дренажа е терапија за детоксикација на организмот. Со стимулирање на лимфните јазли се врши деблокада на лимфните канали и крвни садови. Помага при намалување на отоците и болките во телото настанати како последица на насобрана лимфа и метаболити.

CEPM taping

CEPM taping e терапија со лепливи траки. Со нивната апликација се подобрува работата на мускулите, работата на лимфниот систем, се подобрува енергетскиот проток и делуваат како потпора и фиксација на зглобовите.

Киропрактика

Киропрактиката претставува манипулација односно движење кои ги доведува зглобовите во оптимална положба и на тој начин ги отстранува механичките пречки во локомоторниот состав.

Кинезио тејпинг

Кинезио тејпинг е метода која е базирана на природно лекување на телото. Техниката се состои од специјално дизајниран Kinezio tape фластер, еластичен и водоотпорен кој се аплицира на точно одреден дел на телото. При оваа апликација се намалува болката, се олеснува лимфната дренажа, на начин така што ја подига кожата и го зголемува интро-клеточниот простор и ја подобрува мускулната функција

Table Thai Yoga

Table Thai Yoga Масажа – претставува современа еволуција и фузија на традиционалната Thai масажа и јогата, повеќе димензионално искуство каде со помош на јога пози се допира до тешко достапните точки на мускулите, тетивите, лигаментите и зглобовите.

Synergy Fitness & Spa

Најнови вести

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua. Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat.

Работно време

Понеделник:   07:00 - 22:00
Вторник:          07:00 - 22:00
Среда:              07:00 - 22:00
Четврток:        07:00 - 22:00
Петок:               07:00 - 22:00
Сабота:            10:00 - 22:00
Недела:           10:00 - 22:00

Контакт

  • 02 24 40 025 | 02 24 40 005
  • www.synergyfitness.com.mk
  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  • ул. Владимир Комаров бр. 11а (до Пиом)(ул. 23 Октомври)